ВО ШАНГАЈ ПОЛНА САЛА И АПЛАУЗИ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА „РУИНИ“ НА ЕЛЕНА ЧЕМЕРСКА ЗА РЕСТАВРАЦИЈАТА НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со голем аплауз биле поздравени авторите на филмот „Руини“, дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, на светската премиера на 14 јуни на фестивалот во Шангај, соопшти продукцијата на социјалните мрежи. Документарецот на Чемерска е за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ.

Филмот, во продукција на „Синема Футура“ во Шангај, фестивал од А категорија, игра во конкуренцијата за награди во селекцијата за документарци.

„Проекцијата се одржа пред преполна сала и беше проследена со разговор со публиката, која со голем интерес ги сподели своите впечатоци за филмот. По проекцијата следеше средба со бројните посетители, кои ги поздравија авторите со долги аплаузи и интерес за фотографирање и автограми“, објави продукцијата на Инстаграм.

Шекутковска и Чемерска одговараа на прашања од публиката по премиерата.

Продуценти се Иван Унковски, Ивана Шекуткоска и Елена Чемерска, копродуценти се Оливер Сертиќ и Ивана Нацева, а извршен продуцент е Атанас Георгиев.

’Руини’ произлезе од мојот долгогодишен ангажман околу ревитализацијата на Споменикот на слободата, низ кој се обидував да ја дофатам формата на една идеја што длабоко се всади во мене, а која надвор од сликата што се обидував да ја обликувам – преку документарен пристап, архивски материјали и конструирани кинематски ситуации – остануваше недофатлива. Во текот на речиси една деценија работа околу споменикот, поимот руина за мене престана да се однесува само на материјалната состојба на нештата. Почнав да ја препознавам и како состојба низ која поминуваат луѓето, идеите и сликите што ги создаваме. ‘Руини’ е резултат на тоа истражување“, ни рече режисерката и визуелна уметница Чемерска за филмот пред премиерата.

Филмот премиерно беше прикажан на 28. Шангајски интернационален филмски фестивал, во Филм арт Центарот во Шангај. (Фото: Инстаграм)

Кинематографијата е на Ѓорѓи Клинчаров и Марина Колоска, монтажата на Владимир Гојун и Горјан Атанасов. Композитор е Игор Василев Новоградска, дизајнер на звук на Лука Гамулин.

Филмот е реализиран со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC), РТВ Словенија и во рамки на проектот „Култура за развој” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Хартефакт Фонд. „Руини” е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Минимал колектив“  од Македонија, „Рестарт“ од Хрватска и „Потем“ од Словенија, во соработка со „Филмтрик“.

Извор: СДК

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Летната шема е во „Абракадабра“

ЛЕТНА ШЕМА ВО „АБРАКАДАБРА“ Јади и гледај Светско првенство! Сите бургери со поголема плескавица – цена иста. Нови производи: Палачинки – солени и благи Тостови со зденка, маслинки и сувомеснато по избор Тост со плескавица и кашкавал Бабл милк шејкови со голем избор на вкусови Десерти: Вафли Сутлијаш Палачинки Ново летно работно време: од 10:00

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево…

Mакедонија влегува во период на интензивни инвестиции во експресната патна мрежа. Освен почетокот на изградбата на експресниот пат Куманово-Страцин како дел од “Планот за раст” заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во Дневникот на ТВ Сител најави нов тендер за изработка на студии за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево,

Повик за учество на Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2026

Во пресрет на петровденските празнувања, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, за што распиша јавен повик за фудбалските екипи, кои најдоцна до 19 јуни 2026 година треба да се пријават за учество на турнирот.   Екипите треба да уплатат котизација во износ од 3 000 денари на сметката: 210041087870107 – депонент НЛБ банка, ОФС –