Mитева: Семејствата и на починатите и на повредените ќе добијат по 150.000 денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Како Влада апелираме и замолиме да не се шпекулира со информации дека на семејствата и пациентите им е потребна финансиска поддршка за лекување затоа што тоа не е вистина, на сите пациенти лекувањето им е и ќе им биде обезбедено од страна на државата, порача портпаролот на Владата Марија Митева на денешната прес-конференција.

-Како Влада будно ја следиме и состојбата на социјалните мрежи каде најпрво морам да кажам дека сочувството, емпатијата, силната и искрена желба да се помогне е разбирлива, дека е повеќе од оправдана и дека се разбира за огромна почит, но во овие моменти грижа од таков аспект не им е потребна затоа што ние ќе направиме сѐ што е во наша моќ да помогнеме во делот на здравствената нега која им е потребна, рече Митева.

Посочи дека и во делот на транспортот и сместувањето на семејствата на пациентите кои се лекуваат во странство е одговорност на Владата која како што рече Митева ќе биде реализирана.

-Исто така, во делот на транспортот и сместувањето сакам да информирам дека и тоа е обврска и грижа која како Влада ја реализираме. Денешниот пресек е следен: згрижени се 180 лица од семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство. Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која сметака на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои три часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив, изјави портпаролката на Владата.

Таа повика на покажување солидарност без шпекулации кои можат наштетат на семејствата на пациентите.

-Морам да констатирам дека станува збор за споделување на лични информации на семејството. Можеме да се доведеме во состојба во која би можеле да направиме некоја поголема штета на самите членови на семејството, односно да се злоупотреби личен податок и така натаму. Не залудно Владата уште на почетокот најави дека ќе оди на наменската сметка на Црвениот крст како долгогодишна институција со досие за вакви состојби се со цел да избегнеме поголеми шпекулации или какафонија во јавноста каде да се донираат средствата, затоа решивме да се оди на една сметка. Ваквите состојби дека средствата се недоволни и дека имаат проблем со транспорт и сместување дека немаат сместување се невистини затоа замолуваме да не се шпекулира, рече Митева.

Во однос на финансиска поддршка во висина од 150.000 денари за секое семејство Митева посочи дека моментално се врши проценка и организација на состојбата.

-Во овој момент знам дека активно се вклучени сите служби за што побрзо да се направи организацијата и проценката за како најдобро да бидат заштитени семејствата и да стигнат средствата до семејствата. На секои три часа имаме редовен контакт со семјствата во странство се со цел да видиме дали има нови несакани состојби, во постојана комуникација и координација сме замолуваме да се следат официјалните информации, истакна таа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мебел „Јумис“ вработува општи работници…..

Мебел „Јумис“ – Кочани Објавува оглас за вработување на општи работници. Со и без работно искуство. Заинтересираните лица може да се јават директно во фабриката или на телефонскиот број 078/27/44/05

ЗА САМО 1000 ДЕНАРИ ТАСИМ ТРАВЕЛ ВЕ ВОДИ НА ЕДНОДНЕВНА ШОПИНГ ТУРА ВО ПРИШТИНА МОЛ, ГРАЧАНИЦА И УРОШЕВАЦ

 ЕДНОДНЕВНА ШОПИНГ ТУРАПРИШТИНА МОЛ, ГРАЧАНИЦА И УРОШЕВАЦТермин:04.05.2025Цена: 1000 ден.Што е вклучено:Превоз на дадената релација: Делчево,Каменица,Кочани,Штип,Свети НиколеПосета на бутик ЛентиПосета на продавница сѐ за 1 евро во УрошевацПосета на шопинг центарот Prishtina MallПосета на Манастир ГрачаницаОрганизација и придружник на патувањето071/331-380

Обвинителството се сретна со семејствата на жртвите од „Пулс“: Истрагата е во напредна фаза, јавноста повикана да помогне

Јавниот обвинител и тимот што ја води истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска се сретнаа со семејствата на загинатите, при што ги информираа за текот на постапката и одговараа на нивни прашања. Обвинителството соопшти дека истрагата е сеопфатна и се разгледуваат сите можни аспекти на одговорност. Следна фаза ќе бидат распити