Министерството за финансии исплати над 2 милијарди денари субвенција за предаден тутун од реколтата 2025 та

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за финансии објави дека е доделена субвенција од 2 милијарди денари за одгледувачите на тутун. Овие средства се наменети за 15.144 одгледувачи.

„Денеска, Министерството за финансии исплати 2.028.714.243 денари субвенции за одгледуван и предаден тутун од неговата наплата за 2025 година, средства наменети за 15.144 одгледувачи на тутун. Оваа исплата ја потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството, како една од главните гранки на економијата во земјата, со посебен фокус на одгледувањето тутун како стратешка и традиционално важна земјоделска дејност. Преку редовни и навремени исплати, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност за земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на руралните средини. Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на политиките што ќе донесат поголема конкурентност на локалното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на земјоделскиот сектор“, посочуваат во соопштението од Министерството за финансии.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

По втор пат тридневна „Работилница за мозаик“ за млади во Цепенков

Од 17-ти до 19 -ти јуни 2026 година ( три дена – среда, четврток и петок), ЦК „Марко Цепенков“ по втор пат ќе ја реализира „Работилница за мозаик“ за млади. На работилницата ќе учествуваат 15 талентирани ученици од општинските училишта. Проектот „Работилница за мозаик“, Центарот за култура го реализира со...

(ВИДЕО)Агроном Ристеска: совети за земјоделците – навремена превенција против штетници и суша

Пролетта донесе многу дождови и големи температурни разлики, што предизвикува проблеми кај тутунот, пиперката и другите градинарски култури. Се очекува сушен период кој може да ја стегне почвата и да го спречи развојот на коренот, што доведува до жолтеење на листовите и намален раст. Високата влажност и наглите температурни промени...

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска,15 јуни, е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско...