Мицкоски: Исплатени се околу 50 милиони денари на оризопроизводителите

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

„Јас нема да ги коментирам нападите на опозицијата. Мислам дека или не се информирани, или ја грешат темата. Веќе е исплатена онаа интервентна исплата до оризопроизводителите од околу 50-тина милиони денари. Истовремено се обезбедени околу 135 милиони денари за обнова на системите за наводнување за овој регион. Оризот стана стратешка култура и ќе биде дел од стоковите резерви. Така што тоа што ние го направивме за неколку месеци, тие седум години не ни помислија да го прават за земјоделците, а најмалку за оризопроизводителите. Се сеќавате на министерот за земјоделие, кога им ветуваше, посебно на оризопроизводителите, за жал не само што не го испорача, туку дополнително ги уништи“, одговори на новинарско прашање претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, за забелешките од СДСМ, дека не се помага на оризопроизводителите.

Премиерот Мицкоски рече дека Владата се бори за земјоделците и во таа насока ќе продолжи да работи.

„Денеска каде и да одите, дали во Тиквешијата, дали ќе одите во Пелагонија кај тутунарите, дали во струмичко кај раноградинарските производи и зелката, ќе видите дека имаме историски цени и историска наплата. Зошто? Затоа што оваа Влада се бори за земјоделците, а не е ортак со откупувачите. И така и ќе продолжиме“, објасни Мицкоски.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Пролеттни Денови на медот“ во Кочани за прв пат….

Денеска, 10 и утре 11 април во Паркот на Револуцијата во Кочани  за прв пат се оддржуваат „Пролетни Денови на медот“  во организација на здруженијата „Златна Кошница“ и „Меден Исток“. На манифестацијата беа изложени мед , пчелни производи (прополис, матичен млеч, креми, како и пчеларска опрема Радио Кочани беше на настанот при што остваривме директна

Денеска е Распети Петок најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници

Денеска, 10-ти април, Распети Петок, најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници, денот кога се одбележува страдањето и распнувањето на Исус Христос. Овој ден се поминува во тишина, молитва и строг пост, со богослужби посветени на Христовите страдања. Верниците се поклонуваат пред Плаштаницата, симболично учествувајќи во Христовото погребение. Утревечер, по полноќ, односно во