Механизацијата на терен – спречена поплава во Подлог

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По обилните врнежи од дожд, поради зголемен водостој, селата Горни Подлог и Долни Подлог беа под закана од поплава поради излевање на водите од околните канали.

Директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев во координација со екипи од Општина Кочани излегоа на терен, интервенираа со механизација и спречија излевање и поплавување на селата Горни и Долни  Подлог.

Екипите остануваат во мобилна состојба, бидејќи водостојот на вештачките акумулации расте – браните Гратче и Калиманци се на прелив.

Општина Кочани апелира жителите на овие села да ги исчистат одводните вади и канали пред своите домови.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Две лица од Кочани по вдишување чад од пожар – пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

На 27.11.2025 во 12:00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Кочани настанал пожар во куќа, сопственост на А.М.(50) од Кочани. При гасењето на огнот, 43-годишната О.С. вдишала чад и се здобила со изгореница на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка вдишала чад, по што двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје

Амбасадорот Рокас во Кочани: Почит за жртвите и поддршка за локалниот развој…

Амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, денес го посети Кочани. За време на неговата прва посета на општината по локалните избори, амбасадорот Рокас им оддаде почит на жртвите од неодамнешната трагедија и се сретна со новоформираните локални власти, како и со претставници на заедницата. Посетата започна на градските гробишта, каде што амбасадорот Рокас и неговиот

Средба на амбасадорот на ЕУ во Македонија Михалис Рокас со Советот на Општина Кочани

Денеска, Советот на Општина Кочани оствари продуктивна средба со амбасадорот на Европската Унија во  Македонија, Н. Е. Михалис Рокас. Претседателот на Советот Александар Андов истакна дека била реализирана конструктивна средба на која произлегле бројни идеи и предлози за развој на нашата Општина во области како животна средина, спорт, култура… Членовите на Советот на Општина Кочани кои