Мечка гонела 15-сет годишно дете од с.Крапа (М.Брод)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Мечка вчера следела и гонела 15-годишно момче, во атарот на с.Крапа во Општина Македонски Брод. Детето успеало да побегне, не било директно нападнато и не било повредено, иако паднало при бегањето, кога заедно со стадото овци се враќало кон трлото, односно дома во селото.

Како што соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК), случајот вчера бил пријавен на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Настанот се случил од 18:15 до 20:15 часот.

Според забележаните траги околу стадото од 300 овци, мечка или повеќе мечки, во последната година, особено во време на последниот месец, се спуштале во понискиот предел во ливадите кон с. Зрзе, но во правец повеќе на селото Дебреште, близу меѓуопштинската граница на  Општина Прилеп и  Општина Македонски Брод.

Според трагите и лаењето на кучињата од с, Крапа, мечката или мечките, се движеле и кружеле се почесто и се поблиску до селото, околу трлата со добиток.

Таткото на детето, кој имал 61 година,  искажал голема вознемиреност и страв за животот на децата.

ЦУК информира дека се преземат безбедносни мерки за да се заштитат граѓаните и нивниот имот од можни напади на диви животни со хумани мерки.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Маж во Прилеп нападнат од неговиот син и внук

Повторно семејно насилство во Прилеп, маж пријавил во полиција дека бил нападнат од синот и внукот:

Во недела по 13-ти пат – „Кrali Marko Trails” – трки за незаборав со митски и духовни мотиви

Над 300 учесници од 17 земји ќе земат учество на 13-то издание на „Krali Marko Trails” несекојдневен авантуристички но и спортски настан исполнет со многу предизвици за самите учесници.Околу 40 волонтери ќе помагаат при самото одржување на настанот  како и членовите од прилепскиот извиднички одред  Феникс.Околу здравјето и безбедноста на...

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...