Малолетник управувајќи со автомобил удрил во бетонски столб и се здобил со тешки телесни повреди, бил повреден и сопатникот, информираат од СВР Битола:
На 23.02.2026 во 20:30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од с.Дебреште, удрило во бетонски столб. Во несреќата, 14-годишен сопатник од с.Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник од с.Дебреште се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градска општа болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп









