Мajко стигнав…Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно! -Прилепчанецот Пандовски истрча до Острог за болните од рак!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

 

Антонио Пандовски е млад повек по потекло од Прилеп, кој 18 дена трчаше за да стигне до манастирот Острог, во Црна Гора.

Тој во јануари годинава во интервју за Радио Пела  детално ги образложи причините за овој подвиг барајќи поддршка за донации кои ќе бидат наменети за децата болни од рак. Тој трчаше во чест на својата мајка која пред извесно време починала од рак.

Мојот мотив е да им помогнам на децата што боледуваат од рак. Сакам да соберам што е можно повеќе средства и да им помогнам во нивното лекување. Втор мотив е да им оддадам почит на моите родители. Мојот татко се викаше Васил, а манастирот го носи името „Св. Василије Острошки“. Мајка ми пак, имаше голема желба да го посети овој манастир, но за жал не успеа. Откако веќе таа не е меѓу нас, кај мене се створи желба да отидам до Острог, но на ваков начин, со хумана цел.

Фондацијата „Ице Бегов“  ја поддржа идејата на Антонио Пандовски и со претходни подготовки од поддршувачите, донаторите и спонзорите, Антони Пандовски успеа да ја реализира својата благородна мисија.

Денес, тој ја обелодени веста дека по истрчани 600 километри за време од 18 дена, конечно стигна пред манастирот Острог.

Во целост ви ја пренесуваме неговата објава на Фејсбук.

Ден 18 ПОБЕДА ОСТРОГ!  Мајко… Стигнав. Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно. Твојот сон сега е мое дело. Секоја солза, секоја болка, секој камен под моите нозе вредеше. Го положив мојот подвиг пред Острог. И ти го посветив тебе. И на сите мали срца што се борат за живот. Нека знаат љубовта не запира. И јас нема да застанам.

Тимот на Радио Пела се гордее со подвигот на нашиот сограѓанин Антонио Пандовски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепски средношколец се претставувал како наставник и ги координирал другите наставници

ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат”. Пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за образование и...

Говорниците во прв план, решенијата во сенка – маратон на зборови на маратонска седница на Совет прва од ваков вид

На стартот на 14 та Седница на Совет на Општина Прилеп, повеќе од два часа советниците дискутираа по прдедлог – одлуката на опозицијата за „Изготувување на студио за влијанието на концесиите врз животните средини и формирање на месна заедница во с Оревоец, како и по прашањето “зошто не  е свикана...

Едукативен настан, промоција на детска книга и базар за нови родители во Прилеп

В недела, на 10 ти мај на тениските игралишта во Прилеп во близина на Могилата на непобедените ќе се одржи едукативен настан за нови родители и промоција на книгата „Време е за Даро“. Едукативно-поддржувачкиот настан е наменет за нови родители или родители на деца до 3 годишна возраст, со цел...