Љутков: Виничкото Кале ќе добие целосна конзервација на објектите, предвидени се и современи археолошки истражувања

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По цели седум години институционално запоставување, денес конечно се враќаме со конкретни инвестиции и проекти од областа на културата, овде, во Виница, општина која подолго време беше оставена надвор од стратешките културни политики, изјави денеска од Винчкот Кале, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

За  2026 година, што се однесува до Виница, тој најави почеток на сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот Виничко Кале.

Тоа, потенцираше Љутков, Министерството за култура и туризам ќе го реализира преку своите институции: НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, НУ Археолошки музеј – Скопје и локалниот Музеј „Теракота“ – Виница.

Проектот вклучува целосна конзервација на објектите и на бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови, како и современи археолошки истражувања, што ќе овозможат долгорочна заштита и достапност на локалитетот за јавноста, најави тој.

Целта е, според министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, Виничко Кале да стане централна точка за културен туризам, научни истражувања и едукативни програми во овој дел на државата. Тоа не значи само зачувување на наследството, туку и нова перспектива за економски и туристички развој на целиот регион. Локалитетот ќе стане жив културен простор, отворен за сите граѓани, посетители и идни генерации, додаде тој.

На средбата со новинарите на Винилкото Кале, Љутков, нагласи дека Општина Виница, во изминатиот период, вложила значителни средства и напори во обнова на културната инфраструктура. Завршена е реконструкцијата на киносалата, која доби нов покрив и фасада, а целосно е обновена и Сината сала при Домот на културата „Тошо Арсов“ – простор кој денес повторно живее со настани, концерти и театарски претстави.

– Ова е доказ дека со јасна политичка волја, стратешка поддршка и локална посветеност можеме да постигнеме многу. Виница е и мора да остане значајна точка на културната и на економската мапа на државата. Овој модел на успешна децентрализација ќе продолжи да се применува низ целата земја затоа што секоја општина заслужува еднаков пристап до култура, развој и иднина, смета министерот за култура и туризам

Тој вечерва ќе присуствува на отворањето на фестивалот посветен на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, најзначајна манифестација од ваков карактер во државата .

 

 

 

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а

Мицкоски за „Кочани 2030“: Ветеното ќе се реализира – најави присуство на дел од настаните по повод одбележувањето на годишнината од „Пулс“

Премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Штип, на новинарско прашање од Канал 77, за тоа дали има новитети околу проектот „Кочани 2030“ и ветените 100 милиони евра за обнова на градот кој ја претрпе ужасната трагедија во Пулс, посочи дека веќе се размислува за отпочнување на три проекти: „Апсолутно дека има веќе придвижување, ние