Лишени од слобода шест лица во прилепско поради „незаконит лов“, одземени шест ловечки пушки

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Полицијата приведе шест лица во прилепско поради „незаконит лов“. При тоа биле одземени шест ловечки пушки:

На 11.12.2025 во 15:30 часот на место викано паркинг Штавица на патот Витолиште-Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишија од слобода С.А.(46), Х.Ј.Ј.(48), П.Т.(46) и 16-годишник, сите од Шведска, како и Д.М.(76) од Кавадарци и К.М. (66) од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 228 од Кривичниот законик – „незаконит лов“. При контрола на патничко возило „мерцедес” со шведски национални ознаки, кое го управувал С.А., а другите лица биле сопатници, пронајдени се шест ловечки пушки, како и пакување со свежо месо исечено на парчиња. Тие се задржани во ОВР Прилеп и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Обезбедена системска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“

Со потпишувањето на управниот договор за финансиска одржливост на услугата „Помош и нега во домот“ обезбедено е долгорочно – системско решение. Имено, деновиве, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Здружение Центар за развој и едукација Прилеп и партнерските општини потпишаа управен договор со кој се обезбедува финансиска одржливост...

Поетско-музичка манифестација „Љубов и вино“ во Цепенков

На 13 февруари 2026 /петок/ од 18.00 ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи поетско – музичката манифестација „Љубов и вино“, а ја реализираат ЦК „Марко Цепенков“ и Клубот на литературни творци Прилеп. – Манифестацијата стана традиција. Поетско музичката вечер е посветена на љубовта и виното, а...

„Љубење со стихови“ во име на љубовта и убавината -седмо издание во Прилеп

В сабота на 14 февруари од 20.00 часот,  во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат ќе се одржи поетскиот перформанс „Љубење  со стихови“ во организација на Здружението ЗОКУМ. Поетите Филип Димкоски и Лина Димоска, пред публиката ќе претстават дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а ќе овојпат во...