Од денеска граѓаните на Кочани плаќаат повисока цена за лебот, кој е поскапен за околу 5 денари и во дел од продажните места достигнува до 40 денари.
Новите цени веќе се применуваат во повеќе пекари и маркети низ градот.
Според пекарите, поскапувањето е резултат на зголемените трошоци за производство, вклучително и цените на суровините, електричната енергија и транспортот.
Тие посочуваат дека корекцијата била неопходна за да се одржи работењето.
Граѓаните реагираат поделено – дел од нив имаат разбирање за состојбата, додека други стравуваат дека новото покачување дополнително ќе го оптовари домашниот буџет.
Веста е достапна во аудио форма и на 91, 4
Слушајте вести на секој час
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









