Креативни маски, игри, песни и многу шеги на денешната „Априлијада“ во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Креативни маски, игри, песни и многу шеги можеа да се забележат денеска во Паркот на Револуцијата во Кочани, по повод одбележувањето на први април , Денот на шегата.

Муви, цветови, пчели, пеперутки, преинцези и главни ликови од цртаните филмови продифилираа низ улилиците во Кочани.

Манифестацијата „Априлијада“ се одржа пред платото на Центарот за култура „Бели Мугри“, а  со ритмички точки се претставија дечињата од Детската градинка „Павлина Велјанова“ , учениците од одделенска настава од сите основни училиштата.

Поздравен говор имаше претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов.

Целта на манифестацијата беше постигната и годинава, а потврда за тоа беше преполниот парк во Кочани.

Организатор на традиционалната „Априлијада“ е Одделението за јавни дејности во Општина Кочани, со средства од Програмата за поддршка на образованието.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени

„Доста беше“ повикува на голема еколошка акција: Датумот ќе биде заеднички договорен со сите кои сакаат да учествуваат

Советничката група при Советот на Општина Кочани „Доста беше“ упати јавен повик до граѓаните, здруженијата, компаниите и институциите да се вклучат во заедничка работна акција за уредување на јавните простори во Кочани. Од „Доста беше“ велат дека и со малку време и добра волја може да се направи видлива промена во средината во која живееме,