Кучиња напаѓаат граѓани во Кочани, советникот Крстев бара итно решение на проблемот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Проблемот со кучињата скитници во Кочани повторно е актуелен и сѐ почесто предизвикува страв и загриженост кај граѓаните.

На последната, но и на претходните седници на Советот на Општина Кочани, советникот Никола Крстев го покрена ова прашање, укажувајќи дека состојбата станува се посериозна.

Според него, кучињата скитници претставуваат реална опасност, особено за децата.

Веќе имаме поплаки од родители и граѓани кои со право се загрижени за својата безбедност. Потребно е итно решавање на овој проблем, истакнува Крстев.

Тој додава дека покрај заловувањето, неопходно е и отворање стационар за згрижување на кучињата скитници.

Во текот на денешниот ден, до Радио Кочани пристигна и писмено соопштение од граѓани од населбата Бавчалук, кои сведочат за конкретен напад.

Според нив, куче нападнало граѓанин на игралиште, а потоа и повозрасен човек кој се наоѓал во близина.

Денес куче ме нападна додека седев на клупа. Се одбранив некако, но потоа истото куче нападна и постар човек. Стравувам дека утре може да биде нападнато дете кое нема да може да се одбрани. Потребно е итно да се преземе нешто“, стои во писменото соопштение доставена до редакцијата на Радио Кочани.

Апелот е проблемот со кучињата скитници да се реши навреме, пред да настанат посериозни последици по безбедноста на граѓаните.

Инаку, овој проблем со години е сериозна црна дамка на Кочани.

На фотографијата е прикажано кучето кое напаѓа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Родителите побараа одговор за присуство на цијанид кај нивните починати, доколку не го добијат за три дена – заминуваат пред Судска медицина

Доколку  во рок од три дена не добијат одговор од надлежните институции, родителите на почиатите во трагедијата во „Пулс“ денеска на 40. „Марш за ангелите“ порачаа дека ќе бидат присилени  да се соберат пред Институтот за судска медицина во Скопје и дека нема да заминат додека не добијат соодветен одговор. Како што нагласија во своето

14. вечер на македонскиот афоризам, две награди за Ристо Филчевски

Вечерва во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа финалето од 14. издание на  манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“, која во последните четири години пошироко се афирмираше под називот  АФКО. Организаторот, Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија, најпрвин овозможи читање на афоризми од сите присутни членови на „Репрезентацијата“, а потоа беа доделени наградите на најспешните

Граѓаните на Кочани можат да го селектираат текстилниот отпад во посебни контејнери

По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени на трајно користење на Општината. Еден од контејнерите за текстилен отпад беше лоциран во дворот на ОУ „Св. Кирил и Медоиј“ во Кочани, а останатите