Кучичино – селска идила во срцето на Кочанско Поле

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во срцето на Кочанско Поле, на само 16 километри јужно од Кочани, се наоѓа селото Кучичино – место каде што традицијата и природата се испреплетуваат во секојдневниот живот. Истото се наоѓа на 320 метри надморска височина.

Инаку, Кучичино е населено место од збиен тип, поделено на три маала – Горно, Средно и Долно. Оваа поделба, иако го структурира селото, не го дели населението. Напротив, мештаните се поврзани со заедничките вредности и секојдневната меѓусебна поддршка. Со текот на времето, Кучичино останува верно на својот традиционален начин на живот, но паралелно се прилагодува и на современите предизвици.

Главната дејност на жителите е земјоделството. Благодарение на плодната почва и поволните климатски услови, локалните земјоделци произведуваат ориз, жито, пченка и различни зеленчукови култури.

Според последниот попис од 2021 година, во Кучичино живеат 319 жители, од кои 311 се Македонци, додека осум лица се заведени без податоци за етничката припадност.

Иако бројот на жители не е голем, селото сè уште ја одржува својата живост преку селските собири, традиционалните прослави и семејните вредности што се пренесуваат од генерација на генерација.

Кучичино е повеќе од обично село – тоа е жив доказ за тоа како едно рурално место може да ги задржи своите корени, но и да чекори напред. Со својата природа, вредни луѓе и блискоста до градот, ова место останува спој на традицијата и модерното време.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ беше отслужена света литургија и општ парастос, со кои чиноначалствуваа архиепископот г.г. Стефан и митрополитот Иларион.

Денеска во Кочани се одржаа верски обреди по повод годишнината од трагичниот пожар, во спомен на загинатите. Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ најнапред беше отслужена света литургија за упокоените, по што се одржа и општ парастос. Со богослужбата чиноначалствуваа Неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Неговото високопреосвештенство, митрополитот на Брегалничката епархија г.

Кочанската библиотека „Искра“ организираше едукативна работилница за одржување на здравјето

ЈОУ Библиотека,,Искра”, во соработка со Регионалниот центар за ментално здравје и психо- социјслна поддршка и Здружението за психотерапија Амигдала, денеска ја  реализираше првата од осумте предвидени едукативни работилници за превенција и одржување на здравјето. Во првиот дел Станче Василев од Здружението на пчелари,, Матица” од Кочани ги презентираше предностите од користењето на пчелните производи и

Градоначалникот Костадинов и словенечкиот амбасадор Прескер на завршната обука за агро-екотуризам во Чешиново-Облешево

Во Општина Чешиново–Облешево се одржа завршниот дел од обуката за агро-екотуризам, која беше реализирана во рамки на проектот „Развој на агро-екотуристички услуги во рурални средини“. Домаќин на настанот беше винаријата „Дедов Двор“ од село Кучичино. Обуката беше финансирана од Словенечката амбасада во Република Македонија, а нејзината цел беше да се поттикне развојот на агро-екотуризмот, да