Кривична пријава за крушевчанка за „несовесно работење во службата”

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Kривична пријава против З.С.(59) од Крушево и правно лице од Крушево, поднесе Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” казниво по член 279 од Кривичниот законик.
Имено, прво пријавената З.С., управител во второпријавеното правно лице, во периодот од 01.01.2019 до 30.06.2023 наплатените готовински средства од наплата за продажба на огревно дрво од физички лица, не ги внесувала на жиро сметка на пријавеното правно лице како дневен или неделен промет, со што книговодствено прикажала помал износ на ДДВ, односно помал платен персонален данок на добивка и данок на добивка, кои суми влијаат врз износот на обврските при поднесување на годишни завршни сметки.

На тој начин З.С. го оштетила Буџетот на РСМ  за сума од 1.362.225.00 денари.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ноќна драма во Прилеп – Неофициално едно лице е убиено, друго загинало во сообраќајна незгода кај Липа

Доцна Велерва ззаложничка драма во центарот на Прилеп кај Кружниот кај Карпалак,каде има и многу полициски екипи. Хеликоптери вечерва го надлетуваат Прилеп. Еден штотуку се упати кон Скопје. Неофицијално, маж застрелал лицето кое го држело во зачложништво неговото дете, а кај х.Липа, неофицијално дознаваме дека се случила сообраќајна незгода ,...

(ФОТО) Имал среќа!!! Земјоделец куртили при пад на далновод…

МЕПСО секоја година упатува апел – земјоделците да бидат внимателни при работата со механизацијата и со наводнувањето во нивите каде што има далноводи. Но, после овој случај земјоделците треба да упатат предупредување до МЕПСО за тоа – какви фирми изведувачи вршат замена на далноводната мрежа. Во полициската хроника деновиве го...

За Бехтел и Енка предизвик е крајниот рок за изведба на автопатот Прилеп-Битола

Повеќе археолошки наоѓалишта, голем број на неексплодирани мини (најмногу од Првата светска војна) на теренот каде што се гради делницата од коридорот 10 д , се само дел од предизвиците да се заврши во предвидениот рок – крајот на 2027 година изградбата на автопатот. Целата изведба на автопатското решение се...