Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата прва конститутивна седница во новиот мандат. Седницата започна со верификација на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција.
По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски во согласност со Уставот, законите и интересите на граѓаните на општината.
На дневен ред беше и изборот на претседател на Советот. Со седум гласа „за“, за претседател беше избран Горанчо Димишков, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ.
Димишков ќе ја предводи советничката структура во наредните четири години, период во кој се очекува Советот да работи на донесување развојни одлуки, подобрување на локалните услуги и унапредување на условите за живот во општината.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









