Компанијата ВИК реконструираше 2 детски игралишта во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Општествено одговорната компанија ВИК помогна да бидат реконструирани и модернизирани две игралишта во Прилеп. Одговорност кон локалната заедница каде што делува – е основното мото според кое што се води компанијата ВИК, што пак беше причина за вклучување во проектот за реконструкција на игралиштата во општина Прилеп :

„Ние во компанијата ВИК многу цениме што Општина Прилеп ни дозволи да се вклучиме во проектот затоа што ние во компанијата имаме филозофија да сме одговорни кон нашиот дом. На глобално ниво, тоа значи да се биде одговорен кон планетата на која живееме. Но, на локално ниво ова е можност да им се даде прилика на вработените активно да се вклучат и да бидат одговорни во местото каде што живеат. Задоволство е да се видат големите насмевки и радоста кај децата и навистина цениме тоа што имавме можност да го реализираме проектот, да бидат вработените вклучени и активни и да се грижат за нашиот дом, “велат од ВИК Прилеп.

Во средината на октомври оваа година Советот на Општина Прилеп донесе одлука за прифаќање на донација по иницијатива на компанијата ВИК која е областа на социјалната заштита и заштита на децата, а опфаќа реконструкција за спортските игралишта за кошарка и за фудбал:  во Паркот на Могилата на непобедите, поставување на спортска опрема и замена на фитнес опремата, како и реконструкција на детското игралиште и игралиште за кошарка кај ООУ Кочо Рацин Прилеп во населбата Рид.

Навистина се радувам што сме тука со дел од сопствениците на компанијата ВИК на увид на завршена фаза на овие игралишта. Навистина сум благодарна, јас како претседателка на Советот на општина Прилеп и од името на градоначалникот Борче Јовчески и од името на граѓаните на општина Прилеп што во иднина ќе можат да ги користат овие спортски игралишта. Сметам дека живееме во едно време каде што младината се наоѓа на предизвиците на многу пороци посебно преку интернет алатките кои се многу присутни и достапни во секојдневието, се надевам дека овие спортски игралишта ќе бидат простор каде што младите ќе можат да се предизвикуваат за спортски натпревар, за раст и развој која што навистина во иднина многу ќе им значи во животот. Исто така сакам овој позитивен пример на компанијата ВИК да го следат и сите други економски оператори кои што работат и делуваат во општина Прилеп и на тој начин да ја зголемат општествената одговорност во заедницата,“ рече Ирена Стерјовска Локвенец, претседателка на Советот на Општина Прилеп

Целта е да се вратат во употреба игралишта кои децата и младите ги користат  во слободното време и за релаксација, а пред се’ да се намали времето поминато пред компјутер или мобилен телефон, односно да се востановат здрави животни навики преку рекреација и спорт.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Избегната трагедија кога дрво се сруши на коловоз

Краткотраен, но силен дожд, проследен со грмотевици, појава на град и силен ветар што попладнево се случи во Прилеп, сружи дрво во близина на Вазарот, кај кружниот тек кај ЦК Марко Цепенков. За среќа, за малку е избегната трагедија  при падот на дрвото, бидејќи во тој момент не поминал  автомобили...

Прилепската болница се поднови со современ апарат за стерилизирање на опрема

Прилепската болница доби нова современа медицинска опрема што ќе придонесе за значително подобрување за здравствените услуги. Станува збор за високотехнолошки стерилизатор на медицинските инструменти, текстил и потрошен материјал, намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар.

Лукароска: општина Прилеп ја има најлошата и најнеспособна власт во нејзиното постоење

„Актуелниот градоначалник и локалната власт во Прилеп немаат реализирано ниту едно предизборно верување,“ посочи меѓу другото на денешната прес конференција Петра Лукароска, претседателка на ОО на СДСМ Прилеп која обвини за низата од нереализирани проекти. Ја пренесуваме во целост: „Градоначалникот на „скандинавската“ Општина Прилеп, Борче Јовчески и неговата ВМРО-ДПМНЕ, го...