Кочански училишта му должат на КЈП „Водовод“ 10,5 милиони денари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Средните и три основни кочански училишта направиле долг од неплатени сметки кон КЈП „Водовод“ во вкупен износ од 10.516.138 денари.

Ова е констатирано при увидот на в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски во работата на КЈП „Водовод“, односно при утврдувањето на најголемите должници од редот на правните субјекти.

Највисок долг има ОУ „Никола Карев“ – 5.631.534 ден., а по него се двете средни училишта, „Гошо Викентиев“, кое должи 1.851.584 ден. и „Љупчо Сантов“, кое е со долг од 1.265.163 ден. ОУ „Раде Кратовче“ има неплатени сметки во износ од 950.838 ден., а ОУ „Св. Кирил и Методиј“ му должи на „Водовод“ 817.019 ден.

Основните училишта „Малина Попиванова“, „Крсте Петков Мисирков“, ОМУ „Ристо Јуруков“, како и ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ немаат долгови за вода.

–  Ова се милионски долгови коишто се толерирани долго време. Срамно е КЈП „Водовод“ да ги дава на извршител граѓаните со долг од по 3-4 илјади денари, а да не постапува соодветно кон правните субјекти што се должници. Наредниов период ќе излеземе со целосен список на сите должници кон „Водовод“. Целта е сите пари да се приберат за да се направи функционално кочанското комунално претпријатие, затоа што  токму ненаплатените приходи го довеле до загуба и блокада – истакнува в. д. градоначалникот на Општина Кочани.

Крстевски најави финансиска ревизија на КЈП „Водовод“, со која точно ќе го дефинира долгот на претпријатието, кој неофицијално е над 4 милиони евра.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Подобрување на водоснабдувањето и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“

Подобрување на водоснабдувањето и намалување на трошоците за струја – цели за поквалитетни услуги од КЈП „Водовод“   Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска изврши увид во тековните активности за чистење на бунарите во Грдовски Орман, од каде што се обезбедува водата за пиење што ја дистрибуира КЈП „Водовод“ и оствари средби со раководни

Меѓународен турнир во карате „63 Ангели“ – во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Карате клубот „Партизан“ од Кочани иницира организирање на меѓународен турнир во карате, во чест на жртвите од трагичниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во Кочани. По тој повод, денеска претставници на клубот остварија средба со градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, кој изрази целосна поддршка за иницијативата. Според првичните најави, меѓународниот

Скопјанец нашмркан возел во Кочани – полицајците кај него пронашле кокаин

Скопјанец доби кривична пријава затоа што минатиот викенд во Кочани возел под дејство на дрога, а кај него бил пронајден кокаин. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против М.Е.Ј.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,