Кочанчанецот Владимир Грчев повторно е државен првак по информатика!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Деветооделенецот Владимир Грчев повторно ја освои титулата државен првак по информатика, овој пат како ученик од ООУ „Братство“ – Карпош- Скопје, под менторство на наставничката Ана Дионисиева.

Покрај тоа, тој постигна извонреден успех и во вкупниот пласман на натпреварот, освојувајќи го третото место меѓу сите учесници од основно и средно образование. Пред него се најдоа само двајца ученици од средно образование – еден од втора година и еден од трета година.

Браво, Владимир! Продолжи да не правиш горди, претставувајќи го најдобро и градот Кочани од каде што доаѓаш, училиштето и општината во кои учиш, но и нашата Македонија на меѓународните натпревари што те очекуваат истакна – Анита Атанасова – Грчев.

Дополнително, следниот месец Владимир ќе ги претставува боите на Македонија на IATI – Интернационалната олимпијада по информатика, што ќе се одржи во Шумен, Бугарија. Ова е уште еден доказ за неговата извонредна посветеност и талент во областа на информатиката и се надеваме  дека и таму ќе постигне успех.

Владимир изрази голема благодарност до ООУ „Братство“ – Карпош- Скопје, и до неговиот ментор, наставничката Ана Дионисиева, за поддршката што му ја дава во неговиот успех. Тој исто така искажува благодарност и до наставничката Нада Давиткова од Кочани, која до пред една година беше негов ментор и голема поддршка.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Обука за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации во мултиетнички средини

Во рамки на проектот „Заедно кон Европа: Мултиетничка иницијатива за европска иднина за сите генерации“ во просториите на Здружение на Ромите Черења од Штип, се одржа еднодневна обука на тема „Мултиетничка соработка и инклузивни политики“. На обуката учествуваа 15 претставници од граѓански организации од Штип и Кочани, претежно ромски и про-ромски здруженија, кои активно делуваат

Во Кочани се одржа панел-дискусија посветена на женската улога во инклузивните политики и мултиетничката соработка…

Во просториите на ГРЕЕН ХАБ-КО во Кочани се одржа панел-дискусија посветена на женската улога во инклузивните политики и мултиетничката соработка, во контекст на европските вредности и процесот на ЕУ интеграција. Настанот е дел од проектот: „Женската перспектива за инклузивни политики и европски вредности“ што имаше за цел да ги отвори разговорите за тоа како жените

Во полн ек е сезоната за подготовка на зимници во Кочанскиот регион

Во полн ек е сезоната за подготовка на зимници во Кочанскиот регион. Денешниот пазарен ден донесе голема раздвиженост, а најголема гужва се создаде пред тезгите со ајварска пиперка — најбараниот производ овој период од годината. За тоа какви се цените, какво беше овогодинешното производство и дали има доволно квалитетна пиперка, разговаравме со дел од продавачите