КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“ нов клуб на кочанската фудбалска сцена

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Футсал фудбалот се враќа во Кочани, за што голем придонес има компанијата „Ауто Велт“, која финансиски и во секој поглед стои зад оваа идеја, која веќе е реализирана.

Во просториите на Општинскиот фудбалски сојуз на Кочани на прес конференција денеска беше објавено дека е формираше нов футсал клуб, КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“.  Клубот ќе се натпреварува во Втората македонска футсал лига. Во моментов во него членуваат дваесетина фудбалери. Сезоната започнува кон средината на октомври.

–  Изразувам голема благодарност до компанијата „Ауто Велт“,  која ни ја овозмжи целата опрема, дресовите и ќе ги  подмирува финаниски потреби за патувањата. „Ауто Велт“ е наш главниот спонзор. Како екипа изразуваме благодарност и кон Александар Андов, како директор на ОУ „Никола Карев“, за училишната сала што ќе ја користиме, и како претседател на ОФС Кочани, за опремата што ни е ставена на располагање од ФФМ и ОФС Кочани. Очекуваме дека ќе бидеме во топ три клубови на табелата во нашата прва натпреварувачак сезона во Втората футсал лига, изјави пред новинарите, Иван Стојчев, фудбалер на КФМ „Фудбал Старс – Ауто Велт“.

Претседателот на ОФС Кочани, Александар Андов, на прес конференцијата рече дека му претставува задоволство што футсал-фудбалот се враќа во Кочани, што ќе значи дека  спортска програма во зимскиот период ќе биде побогата. Тренинзите и натпреварите на КМФ „Фудбал Старс  – Ауто Велт“  ќе се одвиваат во училишната сала „Кочанските Ангели“ при ООУ „Никола Карев“.
 – Ние, како Општински фудбалски сојуз, секогаш ќе овозможуваме максималнна поддршка за клубовите. Ќе се трудиме да им го обезбедиме сето она што ќе им биде потребно. Се надевам дека во блиска  иднина КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“ ќе го гледаме во Прва футсал лига, порача Андов.

 

Тренерот на новоформираниот футсал клуб, Симеон Митев, добро познат на кочанската фудбалска јавност, соопшти дека сите административни процедури во Фудбалската федерација на Македонија се завршени.

– КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“ е формиран, регистриран во Општинскиот фудбалски сојуз – Кочани. Тој веќе е реалност. На овој начин ја збогатуваме спортската понуда во градот, особено во текот на зимскиот период, кога првенствата во речиси сите лиги паузираат. Сериозни сме. Посветено ќе работиме да придонесеме што поголема масовност на нашите натпервари. За возврат на публиката ќе и испорачаме добра игри и резултати, оптимист  е Симеон Митев, зад кого стојат дваесетина години работа со фудбалери од помладите категории.

Стартот на првенството во Втората македонска футсал лига е закажан за средината на октомври. Следната недела започнуваат подготовкит на КМФ „Фудбал Старс – Ауто Велт“  за нивната премиерна натпреварувачка футсал – сезона.

 

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фонтаните во Кочани надвор од функција: „Зрно“ повторно расипана, неработи и фонтаната во Паркот на Револуцијата

Фонтаната „Зрно“ во ГТЦ – Кочани, и покрај тоа што беше неодамна пуштена во употреба и функционираше речиси две недели, повторно е вон функција. Според информациите, моторот претходно бил на сервис, но дефектот се појавил повторно. Во текот на денешниот ден, екипа од КЈП „Водовод“ излегла на терен за увид во состојбата. Сепак, засега нема

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот