Кино на отворено – Вечерва на Летната сцена на „Бели мугри“ проекција на краткиот фил „Човекот со чудна навика“ и на долгометражниот документарец „Ефтеркланг Македониум бенд”

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Синоќа на Летната сцена на ЦК  „Бели мугри“ во Кочани беа прикажани два филма. Најпрвин, публиката го проследи краткиот филм „Пепи и Муто“ во режија на младиот Георги Унковски. По него следуваше еден од  најнаградуваните македонски играни филмови во поседните фесетина години, „Исцелител“, во режија на Ѓорче Ставрески, со Благој Веселинов – Бажо во главната улога и Наталија Теодосиевска, која има епизодна ролја, двајцата родени кочанци.
Вечерва, сабота, 13 септември, на програмата се краткиот филм „Човекот со чудна навика“ во режија на Вардан Тозија и долгометражниот документарен музички филм „Ефтеркланг Македониум бенд” во режија Андреас Јонсен, кој одушеви на меѓународна сцена.
На крај, следува разговор со еден од главните протагонисти во филмот на данецот Андреас Јонсен, нашиот Владица Младеновски.
Прикажувањето на филмовите започнува во 20 часот и е бесплатно.
Кино на отворено во Кочани е иницијатива посветена на заедницата и младите во овој град, како гест на поддршка и солидарност по трагичниот настан во март 2025 година, од страна на Јуроп хаус. Реализатори се Младинскиот културен центар од Скопје, кој донесе одлична опрема и техника за кино на отворено и ЦК „Бели мугри“ .

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“. Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите

Приведувања во Виница и Кочани: закани под дејство на алкохол и возење без дозвола

На 27.04.2026 во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го приведоа Ј.К.(34) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал и се заканувал на соседот Е.А.(34) од Виница. При преземање мерки било констатирано дека Ј.К. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта. Во врска со истиот

Премиерата на „Пипи долгиот чорап“ ја наполни салата нa „Бели мугри“

Во Кочани синоќа се одигра премиерата на претставата за деца „Пипи долгиот чорап“, сопствена продукција на НУ ЦК „ Бели мугри“ во Кочани. Станува збор за драматизирана приказна за најхраброто девојче, кое живее по свои правила, во режија на Сања Гацовска. Претставата е работена според истоимениот роман од шведската писателка, Астрид Линдгрен. Големата сала ЦК