„Карпи, мегалити“ прва самостојна изложба на уметникот Михаил Паскоски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На Маркови Кули кај карпата Слонот во Прилеп в недела на 17 ти мај, од 11 и 30 часот, на отворено,  Михаил Паскоски ќе ја одржи својата прва самостојна изложба на графички дела.

Изложбата е во чест на прилепските карпи кои се најубавите скулптури на градот. Целта на проектот е да заборавиме на дневните социјални и политички проблеми и да се насочиме кон природата како најевтин психолог. Ова е изложба на графички дела со еден мал современ пристап со тоа што се одржува на отворено под Марковите кули кај карпата „Слонче“.

Михаил Паскоски (2000) е роден во Прилеп, каде го поминува своето детство
и завршува основно и средно образование. Дипломирал 2024 год. на катедра по
Графика на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. По завршувањето на
неговите студии работи како стручен соработник/ демонстратор на Факултетот за
ликовни уметности – Скопје од 2024 година. Има учествувано на повеќе групни
изложби, а следува и неговата прва самостојна изложба на 17 ти мај оваа година.
Групни изложби:
2025 Ex Libris – Киц, Скопје;
2025 Нити, Нишки, Threds – Галерија Флу, Белград;
2025 Музеј на прашина – Двор, спомен куќа на Лазар Личеноски, Скопје;
2024 Помеѓу природата и активизмот – Галерија Флу, Скопје;
2024 Графичко триенале 5 – Киц, Скопје;
2023 Завршна изложба Графичка Работилница „Софија“ – Културен дом „Бране
Петрушев, Богданци;
2023 Те гледам!… Поинаку… – Офицерски дом, Гевгелија;
2023 Професори + студенти – Мкц, Скопје;
2023 Чаршијата: Галерија на занает и уметност – Стара скопска чаршија;
2022 Apotheosis of labour – Спомен куќа Лазар Личеноски, Скопје;
2022 ДЛУП Годишна изложба – Галерија „Марко Цепенков“, Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приведен 14 годишник, возел без дозвола

Од полициската хроника информација за приведување на малолетник од долненско кој управувал со автомобил: – На 13.05.2026 во 14:40 часот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај с.Сарандиново, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 14 – годишен жител на с.Пешталево, општина Долнени. При контрола во сообраќајот полициските службеници...

Државни прваци во ракомет се учениците од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ – Прилеп

Учениците од основното училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ се државни прваци во ракомет. На Државното првенство во ракомет (машки) за основни училишта кое се одржав во салата на ООУ „Добре Јованоски“,  тие покажаа борбен дух, црврста и организрана игра и заслужено беа победници на турнирот во организација на  Федерација на училишен спорт...

Не’ очекува дожд и пад на температурите

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови на Македонија, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2). Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник...