Од полициската хроника информација за приведување на малолетник од долненско кој управувал со автомобил:
– На 13.05.2026 во 14:40 часот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај с.Сарандиново, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 14 – годишен жител на с.Пешталево, општина Долнени. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, при што е констатирано дека го управува пред да се стекне со право на управување, односно без возачка дозвола. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.









