Прилепчанец е лишен од слобода ,бидјеќи управувал товарно возило со двојно поголема брзина од дозволената,
Настанот се случил попладнето (29.09.2025) во 15:18 часот на ул.„Карпалак“ во Прилеп,а полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Т.(42) од Прилеп. При сообраќајна контрола со радар, полициските службеници констатирале дека З.Т. управуал товарно возило „фолксваген” со скопски регистарски ознаки, со брзина од 121 километар на час на место каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.