Како се врши мониторинг на можни злоупотреби на административни ресурси за време избори?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Мониторинг на можни злоупотреби на административни ресурси за време на локалните избори 2025 година во Општина Долнени и Општина Струмица спроведува Здружението ЛАГ Агро Лидер. Активностите се дел од пошироката иницијатива која се спроведува во повеќе од 25 општини низ целата држава со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС. Проектот „Надзор на терен: Мониторинг на потенцијална злоупотреба на административните ресурси на локално ниво“ започна да се спроведува од средината на август годинава.

Во програмата Радио што се гледа за тоа како се спроведува мониторингот, која е целта и предвидените активности разговаравме со Даниела Цветаноска и Талија Петреска од Лаг Агро Лидер.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА БАРА ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ФК „ПОБЕДА“

Советничката група на СДСМ и Коалицијата во Советот на Општина Прилеп бара вонредна седница на Советот, иницирана од последните случувања со ФК Победа. Во информацијата до прилепската јавност за потребата од вонредна седница на Советот се вели:

Директорите на болниците веќе немаaт дискреционо право да одлучуваат при вработувања  

Во рамките на 84. седница Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за здравствена заштита со 70 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“ . Главна новина со дополнувањето на Законот, што се носеше по скратена постапка, е што со него се укинува дискреционото право на директорите на...

СВР Битола: За трговија со дрога од Прилеп и Битола лишени над 320 лица

Во текот на 2025 година, од криминалистичката полицијата на СВР Битола, во рамки на борбата со недозволената трговија со дрога на подрачјето на општините Битола и Прилеп, лишени биле вкупно 324 лица инволвирани во трговија на дрога и психотропни супстанци. Притоа, поднесени се вкупно 78 кривични пријави по членовите 215 и 216 од Кривичниот законик за сторени...