Како да се грижите за вашата божиќна ѕвезда?

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Иако не постои долга  традиција во Македонија, последниве години  сè почесто пред Божиќ се купува атрактивното собно цвеќе еуфорбија, популарно наречено божиќно дрвце, божиќна ѕвезда или мексикански црвен лист.

Божиќната ѕвезда потекнува од Мексико, каде што расте во влажни, засенчени места. Цветовите на ова украсно растение се ситни, жолтеникави, собрани во штитести соцветија на врвот на гранчињата  и немаат украсно значење. Деловите кои во секојдневието се нарекуваат цветови, всушност се група од цветни листови, собрани околу соцветието. Ѕвездесто се распоредени, а освен црвена, може да имаат и кремова и розова боја.

Божиќната ѕвезда треба да се одгледува во добро дрениран супстрат со pH вредност од 5,8 до 6,3. Потребна е многу топлина, влага и проветрување. Не поднесува температурни осцилации. Температурата не треба да падне во 12°C, a има релативно високи потреби од хранливи материи. При почетокот на интензивното обојување на прицветните листови потребна е прихрана со ѓубрива на база на фосфор и калиум за да се добие поинтензивна боја.

Во однос на нејзината грижа најчестите грешки се прават со пречесто залевање, преголема количина на светлина во просторијата во која ја чуваме и непогодна температура.

Важно е многу да внимавате при изборот на садникот во текот на самото купување. Не треба да купувате растение со бледи или оштетени листови. Листовите треба да бидат темнозелени, а прицветните листови со силна црвена боја. Пред да тргнете од цвеќарницата до домот потребно е да ја замотате еуфорбијата, затоа што дури и кратко изложување на ниска температура може да ја оштети.

По пристигнувањето дома цвеќето не треба одма да се отпакува, туку треба да се сотави десетина минути да се адаптира на собната температура. Со оглед на  тоа што еуфорбијата е тропско растение, прскањето вода со пркалка на зелениот дел од растението придонесува за добар развој. Сепак, потребно е да се залева само еднаш неделно и тоа да не биде преобилно. Треба да престанете со залевање од моментот кога ќе ѝ опаднат листовите.

Не смее да се чува покрај радијатор, но не поднесува температура пониска од 12 степени. Расте на оптимална температура од 25°C , но за време на обојувањето на прицветните листови кога е најатрактивна, треба да се чува на температура од 15°C до 18°C степени. Кога божиќната ѕвезда во потполност ќе ги отфрли цветовите, гранките треба да ги пресечете на должина од десетина центиметри. На тој начин се поттикнува цветањето за наредната година.

Треба да внимавате,  бидејќи во  божиќната ѕвезда се наоѓа отровен бел млеч кој протекува кога ќе се скрши гранче од растението. Заради тоа треба да ја чувате подалеку од дофат на децата и миленичињата.

Божиќната ѕвезда е навистина прекрасно украсно собно растение, но бара специјална нега доколку сакате да ја имате подолго.

 

 Пишува: Филип Димкоски, дипломиран агроном по градинарство и цвеќарство

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мajко стигнав…Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно! -Прилепчанецот Пандовски истрча до Острог за болните од рак!

  Антонио Пандовски е млад повек по потекло од Прилеп, кој 18 дена трчаше за да стигне до манастирот Острог, во Црна Гора. Тој во јануари годинава во интервју за Радио Пела  детално ги образложи причините за овој подвиг барајќи поддршка за донации кои ќе бидат наменети за децата болни...

На Пиво Фест вечерва најава за уште побогата забава

Одличен старт на Пиво Фестилот 2025 синоќа во Прилеп, до раните утрински часови забава, скара и пиво во центарот на градот. Синоќа беше тоа музика посветена на македонските ѕвезди: Наташа Малинкова, Антонија Гиговска и на Камерниот оркестар од Битола со Наде Талевска, Андријана Јаневска и Ристо Самарџиев. Денеска, сабота настапуваат...

Локализиран пожарот кај селото Царевиќ кој што зафати семејна куќа и пчеларник

На 18.07.2025 година во ОВР Прилеп било пријавено дека во селото Царевиќ, прилепско, околу 10.00 часот настанал пожар во близина на резервоарот за вода над селото при што од ветерот огнот се проширил и во селото и зафатил дрвени сандаци со пчелни семејства, а исто така целосно е изгорена и...