Каде е и што откри „скриената камера“ на Радио Пела во собраниската сала ?!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Медиумите во општина Прилеп денеска на деветта седница добија опомена од собраниската говорница да не снимаат и да не ГИ пренесуваат седниците на Советот! Ова, по барање на советникот Жарко Стеваноски, инаку адвокат по професија, кој од говорницата истакна (дословно цитираме):

„Уште на првите седници, стана збор за пренесување на седниците во живо. На една од седниците ставив предлог за измена и дополнување на одлуката за пренос на седниците во живо. Владеачкото мнозинство нормално, не ја прифати, не ја усвои. Во член 2 од одлуката стои дека седниците од Советот на Општина Прилеп преку Јутјуб каналот на Општина Прилеп. Снимањето и пренесувањето на седниците во живо ќе го спроведува исклучиво Локалната самоуправа.

Во моментов на локалниот портал Радио Пела се врши пренос во живо со логото на овој портал.

Ве молам да ми објасните: зошто мојот предлог за измена и дополнување на одлуката за снимање и пренос на седниците не е прифатена и зошто спротивно на оваа одлука сте го отвориле системов за пренос на седниците од страна на само некој од локалниве портали? Дали е тоа законито? Кој овде овозможил да се приклучи во живо и да ги пренесува во живо седниците на Советов? Ве молам проверете со службите! Седницата сеуште се пренесува во живо и ве молам да ни објасните зошто е тоа така?! Во контекст на ова од како ќе ги извршите проверките на самава седница, ставам предлог – точка на дневен ред, итен предлог: преносот на седниците да можат да го вршат сите останати локални медиуми, односно портали како овој портал, кој сега во моментов ја пренесува седницата во живо,“ рече Стеваноски.

На забелешката од советникот, одговорот на претседателката Советот Билјана Кржеска беше дека  не била запозната со забелешката и со насмевка рече „сигурно не’ имаат хакирано и пренесено и преносот ќе биде прекинат“.

Оваа трагикомична „драма“ во собраниската сала заврши со опомена до медиумот.

Дали порталот Радио Пела пренесуваше седница во живо? НЕ!

Дали медиумот Радио Пела го хакираше системот за пренос на седницата на општина Прилеп. НЕ!

ШТО НАПРАВИ РАДИО ПЕЛА?

Радио Пела на својата Фејсбук страна го презеде во живо преносот кој што екслузивно Општина Прилеп го реализира на својот официјален, јавно достапен и транспарентен Јутјуб канал  https://www.youtube.com/@opstinaprilep .

Каде е проблемот и која одлука на Советот е прекршена со денешното преземање на преносот на седниците во живо?

Со одлука на Советот на Општина Прилеп од 29.12.2021 година седниците на Советот во живо се пренесуваат на официјалниот Јутјуб канал на општината.

Од тогаш, па до денеска, Радио Пела на својата Фејсбук страна, не на портал,  во програмата во живо „Радио што се гледа“ редовно ги пренесува седниците доколку се одржуваат во работни денови во терминот од 11 до 13 часот и тоа без физичко присуство на новинари или камермани во собраниската сала.

Како? Едноставно!

Зошто се пренесуваат во живо седниците на Советот на Општина Прилеп на овој Јутјуб канал?

Која е основната причина?

Според Одлуката на Советот од 2021 преносот во живо е „со цел поголема транспарентност во работењето на Општината“ и преносот во живо тогаш, беше овозможен „по долги напори и технички подготовки“.

Зошто Радио Пела го презема преносот во живо од Јутјуб каналот на Општина Прилеп? Едноставно!

За поголема транспарентност и јавност на Советот: како и што работат советниците, какви одлуки носат во ова највисоко тело на Општината кое има ЗАКОНСКА ОБВРСКА ДА РАБОТИ ЈАВНО, ТРАНСПАРЕНТНО ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ!!!

Која е улогата на еден медиум ако не да пренесува, анализира, критикува и информира за работата и одлуките кои ги донесуваат јавните функционери?

Каде е проблемот г-дин Жарко Стеваноски и г-ѓо Билјана Кржеска? 

Ниту медиумот снима, ниту прави пренос во живо на седницата од Советот, туку го презема вашиот пренос од ВАШИОТ ЈУТЈУБ КАНАЛ.

Ниту медиумот прави СЕЧЕНИ И ЛЕПЕНИ СЕДНИЦИ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП, туку единствено и едноставно ја користи техничката можност и знаење да ги ПРЕЗЕМА седниците на советот и работата на вас советниците!

Очигледно вам ви пречи ЈАВНОСТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ЗА КОЈА ТОЛКУ ЖОЛЧНО СЕ БОРИТЕ!!!

И на крајот токму тоа е одговор на прашањето: Што откри „скриената камера“ на Радио Пела во собраниската сала? 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...