Јубилеен 15 ти Фестивал на медот во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во пресрет на големиот национален празник 11 Октомври во тек е четиридневниот  Фестивал „Медот и пчелните производи, инвестиција во вашето здравје“ . На плоштадот Методија Андонов Ченто се претставуваат 15 тина пчелари од Прилеп и регионот , а манифестацијата е во организација на Пчеларското здружение Братство Прилеп, едно од најстарите здруженија на пчеларите во Македонија. Изложени се мед и други пчелни производи: матичен млеч, полен …, како и пчеларска опрема. Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Борче Јовчески.

„Огромна благодарност до сите присутни учесници, затоа што се трудите да допринесете за подобро здравје кај нашите сограѓани. Здравје во тегла, е она што во овие четири фестивалски денови ќе им го понудите на Прилеп и прилепчани. Добивањето на медот е подарок од природата за сите нас. Природниот мед претставува единствена нерасиплива храна, која со тек на времето може само да го менува обликот но не и да се расипе. Оваа одлика ја истакнува неговата вредност и потврдува зошто оваа вкусна и здрава намирница била употребувана како природен засладувач уште во праисторијата,“ посочи градоначалникот Јовчески упатувајќи честитки до Пчеларското здружение Братство за успешната организација на фестивалот.

Фестивалот започна денеска среда, 10 ти октомври, а ќе се одржува до сабота 12 ти октомври.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Зимата пристигна, денеска е краткоденица, сонцестој – најкраткиот ден од годината

Денеска е сонцестој, краткоденица, најкраткиот ден во годината. Денот во Македонија ќе трае 8 часа и 55 минути. Сонцето ќе зајде во 16 часот, по што ќе почне најдолгата ноќ. Вечерва, 21 декември 2025 година, во 22 часот и 3 минути по средноевропско време ќе настапи зимскиот солстициј, моментот кога Сонцето...

МЕПСО: ЗАМЕНАТА НА ПРОВОДНОТО ЈАЖЕ ЗНАЧИ СИГУРЕН И СТАБИЛЕН ЕЛЕКТРОПРЕНОСЕН СИСТЕМ

Прилеп и населените места денеска на најстудениот ден беа без напојување на електрична енергија во периодот од 06: 30 до 11 и 30, а некои населби во градот и пред тоа беа приклучени на електроенергетскиот систем. Исклучувањето беше дел од планирани активности на електропреносната мрежа, со кои се изврши демонтажа...

Промовирани две книги за деца на Иван Антоновски

Денеска на пладне во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа промоција на книгите „Бакнежи од небото“ и „Градина полна латици“ на авторот Иван Антоновски. Со оваа предновогодишна литературна дружба на која присуствуваа голем број дечиња и нивни родители, Центарот ги заокружува активностите на својата литературно-издавачка дејност за...