Полицијата уапси 46-годишен маж од Скопје осомничен за измама, откако со лажна приказна успеал на жена од Прилеп да и земе 3.000 евра.
Имено, тој, според информациите од МВР, телефонски ја контактирал жената и лажно се претставил како инспектор кој наводно работи во странство. При тоа и соопштил дека нејзините внуци предизвикале тешка сообраќајна несреќа во која загинало дете и дека е потребна итна парична помош за „да се среди случајот” и еден од нив да не заврши во затвор.
Исплашената жена поверувала во приказната и оставила 2.000 евра и 1.000 долари на договорено место, по што измамникот ги подигнал парите.
По преземени мерки од полицијата, лицето било пронајдено и уапсено. Одреден му е притвор.
Ова не е прв ваков случај.Полицијата преку кампањи и апели ги опоменува старите лица да не веруваат на вакви измами. Но, години наназад во Македонија се повторуваат слични телефонски измами во кои измамници, претставувајќи се како полицајци или службени лица, извлекуваат пари од граѓани користејќи страв и лажни приказни.









