Иван Богданов именуван за в.д. директор на ОУ „Климент Охридски“ – Облешево

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Иван Богданов е назначен за нов вршител на должност директор на Основното училиште „Климент Охридски“ во Облешево.

Богданов, кој речиси десет години работи како професор по музичко образование во оваа образовна установа, доаѓа на местото на досегашниот директор Јорданче Костадинов, кој неодамна стапи на функцијата градоначалник на општината.

Назначувањето е извршено минатата недела.

Од училиштето се очекува континуитет во работата и понатамошен развој под водство на новиот в.д. директор.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Креативни новогодишни работилници во ОУ „Раде Кратовче“

Денеска во ОУ „Раде Кратовче“ се реализираше работилницата „Новогодишна бајка во боја“, на која учениците работеа во различни ликовни техники. Изработените цртежи ќе се користат за украсување на училиштето, а дел од нив ќе бидат изложени и продавани на Новогодишниот базар што ќе се одржи на 25 овој месец. Во училишната сала се одржа и

Словенечкиот амбасадор Прескер на средба со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов го прими во официјална посета словенечкиот амбасадор Грегор Прескер. Изразувајќи благодарност за досегашната поддршка од Словенија, особено за повредените лица по трагедијата, градоначалникот Грозданов ги истакна потребите на Општината и предизвиците на почетокот од мандатот. Амбасадорот Прескер ги нагласи можностите за учество на претстојни повици за апликации и подготвеноста

Кочанскиот рок бенд „Корка“ победник на „Imagine Macedonia 2025“

Кочанскиот бенд „Корка“ го привлече вниманието на домашната музичка јавност откако беше избран за најуспешен учесник на овогодинешното издание на националниот музички натпревар „Imagine Macedonia“, одржан во Скопје. Настапувајќи меѓу повеќе млади состави од целата земја, „Корка“ се истакна со сопствен музички израз и сценска енергија, што беше пресудно за одлуката на жирито. Натпреварот се