ИТНО НЕМАМЕ ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ – ПОМОШ ЗА ВИКТОР 26 ГОДИШЕН ЧОВЕК БОЛЕН ОД ТУМУР ВО ГЛАВАТА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Само што за започнал да живее со радоста поради доаѓањето на новиот член во неговото семејство, 26 годишниот Виктор од Прилеп,  дознава дека има тумур во главата. Операцијата трба под итно да се изврши  во Турција и чини 39.918.06 EUR з , средства кои семјството ги нема и затоа бара помош од добронамерници, луѓе кои сакаат да помогнат. Неогвата сопруга во нејзината битка да ги собере потребите средства  објави овој статус  и храбро напиша за да му се даде ,како што вели таа шанса Виктор  да продолжат заедно да го гледаат растењето на нивното дете. :

ИТНО НЕМАМЕ ВРЕМЕ ЗА ГУБЕЊЕ Драги пријатели, Виктор Николоски е 26-годишен млад човек, посветен сопруг и татко на прекрасно четиримесечно бебе. Животот му донесе радост со доаѓањето на неговото прво дете, но и тежок предизвик кој никој не би го посакал.  Пред една недела, веднаш по крштевањето на нашето дете Виктор дозна дека има тумор на главата, дијагноза која го промени текот на неговото секојдневие, но и на целото наше семејство. За да има шанса за живот и да остане со своето семејство, неопходна е ИТНА операција која може да се изврши во клиника во Турција. Трошоците за операцијата, патувањето и лекувањето се огромни и не можеме да ги покриеме без ваша помош. Апелираме до сите хумани луѓе да се вклучат во оваа битка и да му дадат на Виктор шанса да продолжи да го гледа растењето на своето дете. Секоја донација, без разлика на износот, е од огромна важност! Доколку не сте во можност да донирате, ве молиме споделете го апелот за да стигне до што повеќе луѓе. Виктор верува дека со ваша помош и поддршка ќе ја добие оваа животна битка. Да му помогнеме да остане столбот на своето семејство и да има светла иднина! Од срце, Ви благодараме! Александра Николоска ( сопруга на Виктор)

Општина Прилеп,  сите јавни комунални претпријатија,  основни и средни  училишта, секцијата на фризери и мадиумите ,се вклучија во собирање донации за помош на Виктор Николоски.

Сите ние сме дел од едно семејство – семејството на Прилеп, и како заедница ќе направиме сè што можеме за да му дадеме поддршка на Виктор и неговото семејство во оваа тешка битка и заедно ќе успееме! Ве повикувам и вас, нашите сограѓани, да се приклучите и да помогнете со донација на линкот или со споделување на апелот. Заедно можеме да направиме разлика!, велат од Општина Прилеп

Виктор Николоаски
с/ка за донирање:
270- 7000896189.28
Халк Банка
Можете да донирате и на  платформата без разлика на која валута се парите на вашата сметка/картичка брзо, лесно и безбедно на ЛИНК:

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...

Изложба за 55 годишното ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата

На 14 ноември 2025г/петок/од 19.00 ч. во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “ 55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Инаку, Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во...