Исплатени субвенции од Програмите за 2024 и 2025 кон сточарите и живинарите

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По три основи Агенцијата за финансиска поддршка денеска изврши исплати кон сточарите за предадено млеко од Програмата за 2025 та, за одгледани или заклани говеда од Програмата за 2024 та и за произведени и продадени бројлери (еднодневни пилиња) од Програмата за финансиска поддршка за 2024 та година. Ова е соопштението од Министерството за земјоделство:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека денеска се исплатени над 280 милиони денари на повеќе од 4.700 корисници на субвенции, како дел од програмите за финансиска поддршка на земјоделството.
Од вкупниот износ, 269.947.935 денари се префрлени на 4.545 корисници до крајот на јуни. Овие средства се наменети за Мерката 2.3 – директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
Дополнително, за Мерката 2.6 – дополнителни директни плаќања од подмерка 2.5 за одгледани или заклани грла говеда во регистрирани кланични капацитети, се исплатени 3.746.560 денари на 167 корисници, според Програмата за 2024 година.
Во рамки на Мерката 2.16, исто така од Програмата за 2024 година, се префрлени 7.968.320 денари за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди.
 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Градските власти во Прилеп на ифтар со Исламската верска заедница

Ифтарот не е само вечерен оброк ,туку и мост на спојување  на луѓето. Преку оваа традиција се  премостуваат разликите и се пренесуват пораките за мир, заедништво и добрина, со потсетување   дека сите луѓе, сограѓани и пријатели треба да живеат во едно заедништво и меѓусебно почитување. А, соживотот во Прилеп не...

Измамена старица од Прилеп од лажен инспектор кому му дала близу 3000 евра

Полицијата уапси 46-годишен маж од Скопје осомничен за измама, откако со лажна приказна успеал на жена од Прилеп да и земе 3.000 евра. Имено, тој, според информациите од МВР, телефонски ја контактирал жената и лажно се претставил како инспектор кој наводно работи во странство. При тоа и соопштил дека нејзините...

На спектаклот во Бор – Чатлески против босански боксер (ФОТО)

Како приближува моментот за вистински балкански спектакл во Бор , така расте  и желбата кај прилепскиот боксер Матеј Чатлески кој сигурно ќе сака да го докаже својот талент во овој спорт , ако се знае дека полека но сигурно прибира искуство од ваквите настани.Познат е и неговиот противник. Професионалниот боксер...