Инженерка со години го лажела системот за „Пулс“: Проектот за клубот бил фалсификат без елаборат за пожар – само ја менувала насловната страна, објави 4NEWS.mk

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Обвинителниот акт за трагедијата во кочанскиот „Клуб Пулс“ открива шокантни детали за тоа како објектот со години работел врз основа на лажна и некомплетна документација, одобрена од обвинетата инженерка Милка Едровска и нејзината фирма „Венци Проект“. Наместо да ги почитува законските прописи за градба, Едровска се товари дека изготвила документ без клучни безбедносни елементи, а потоа, со години подоцна, само го „ажурирала“ со менување на насловната страница, објави 4NEWS.mk Според обвинението кое го поседува 4NEWS.mk, во 2012 година, на барање на сопственикот Дејан Јованов, Едровска изготвила документ под наслов „Основен проект“. Обвинителите тврдат дека овој документ бил суштински некомплетен и не ги содржел задолжителните делови кои ги бара Законот за градење.

о наводниот проект недостасувале клучни фази:, објави 4NEWS.mk Елаборат за статика (стабилност на конструкцијата) Проект за електрика Проект за водовод и канализација И најважно: Елаборат за заштита од пожари, експлозивни материи и експлозии Обвинителството наведува дека Едровска знаела дека објектот не може да врши угостителска дејност бидејќи тоа било спротивно на Деталниот урбанистички план, кој на таа локација предвидувал „лесна индустрија“. Истиот фалсификуван проект бил искористен повторно во 2023 година. Кога сопственикот Дејан Јованов ја префрлил работата на новата фирма „ММММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани, тој повторно се обратил кај Едровска за документација. Наместо да изработи нов проект или да изврши увид на терен, таа се товари дека го искористила стариот документ како образец. Обвинението тврди дека Едровска „само ја сменила првата страна“ , каде го сменила името на инвеститорот од „Класик ДМ“ во „ММММ Кафе“, ставила нов датум (15.02.2023) и нов печат.

Овој лажен документ, според обвинителите, му овозможил на Јованов да го користи како основа за вршење на нелегалната угостителска дејност и за добивање на лиценци, објави 4NEWS.mk Милка Едровска, заедно со нејзината фирма „Венци Проект“, сега е обвинета за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, како еден од многуте чинители во синџирот на пропусти што овозможиле небезбедниот клуб да работи и да доведе до трагедија во која загинаа 63 лица.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Да не помагаа од обезбедувањето, ќе имаше и повеќе жртви, сведочи девојка што го сними почетокот на пожарот во „Пулс“

На денешното рочиште за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше 21-годишната Мартина Ристовска, која била во објектот кога избувнал пожарот. Таа случајно го снимила почетокот на пожарот на видео за Инстаграм, но, како што рече, тоа го забележала дури следниот ден кога го прегледала видеото. Според нејзиниот исказ, на бината имало три прскалки, а