Игри без граници со вклучување на деца со попреченост

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска во Основното училиште „Никола Карев“ се одржаа „Игри без граници со вклучување на деца со попреченост“, активност која е дел од проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, финансиран од страна на Бугарската развојна помош.

Целта на овој настан беше преку спортски игри во кои учествуваат деца со попреченост од Кочани и соседните општини да се промовира инклузивно спортско образование и да се потенцира дека во спортот не постојат разлики.

Освен ова, денеска во спортската сала на ОУ „Никола Карев“ беше промовирана и спортската опрема која е набавена и наменета најмногу за децата со попреченост.

На „Игрите без граници со вклучување деца со попреченост“, што се одржаа денеска во салата на кочанското основно училиште, присуствуваа амбасадорот на Р. Бугарија во нашата држава, Жељаско Радуков, како и претседателката на Македонско – бугарската стопанска комоеа, Билјана Митева. Целото случување дополнително беше збогатено со учество на фудбалери на ФК „Осогово“ и ФК „Светлост“ од Зрновци.

Проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ е финансиран од Бугарската развојна помош, а го спроведува Македонско – бугарската стопанска комора. Партнер во активностите е ОУ „Никола Карев“, а координатор Ирена Мирчовска.

Неговата вредност изнесува точно 14 411 евра. Реализација треба да биде завршена до крајот на оваа година.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Зрновци води по разводи, Чешиново-Облешево меѓу општините со најголем негативен прираст

Општина Зрновци се најде на самиот врв во државата по број на разводи, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според официјалната статистика, дури 888 во оваа општина завршуваат со развод – највисок процент на распаднати брачни заедници во Република Македонија. Овој податок ја позиционира општината Зрновци како апсолутен негативен рекордер, далеку пред другите

Денеска е Водокрст – Се пости, но дозволено е и употреба на масло

Православните христијани денеска го слават празникот Водокрст, денот што му претходи на големиот празник Богојавление – Водици. Кај народот познат и како Водопост, овој ден се карактеризира со строг пост, а во кочанскиот храм утрово се вршеше голем водосвет. Се верува дека со силата на Светиот Дух, водата добива лековита моќ и се користи за

Делегација од Општина Кочани на фестивалот „Сурва“ во Перник

Делегација од Општина Кочани присуствуваше на XXXII Меѓународен фестивал на маскарадните игри „Сурва“, во Општина Перник, Република Бугарија. Овој реномиран фестивал годинава одбележува 60 години од своето постоење и претставува еден од најголемите и најпрепознатливи културни настани од ваков вид во регионот. Во рамки на фестивалската програма, градоначалникот на Кочани Владко Грозданов оствари средби со