Идната недела вториот јавен повик за финансиска поддршка на општините за инфраструктурни проект

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Следната недела, ќе биде објавен и вториот повик за финансиска поддршка на општините, со кој ќе се поддржат капитални инфраструктурни проекти во износ до 15 милијарди денари, информират од Министерство за локална самоуправа ,тврдејќи дека со оваа помош значително ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

“Овој повик е продолжение на успешната реализација на првиот, кој веќе дава конкретни резултати. Како што покажуваат фактите и ситуацијата на терен, пред нас е градежен бум во сите општини, во сите региони на нашата земја. Веќе е започната изградба на градинки, спортски игралишта, се санираат и градат улици, водоводни и канализациони мрежи… 251 проект се веќе со склучен договор или се во завршна фаза од постапката, од кои педесетина веќе се реализираат на терен, за 37 проекти се очекува почеток на тендерската процедура за избор на изведувач“, информира министерот за локална самоуправа Перински

Финансиска поддршка добија 288 проекти во 78 општини, со вкупна вредност од нешто повеќе 4,5 милијарди денари.

Во однос на вториот повик, критериумите за учество во најголем дел ќе бидат исти како и за првиот, но и олеснети во поглед на рокот за поднесување на документи и  отпочнување на постапка за јавна набавка, односно ќе се одлучува по два критериума: по глава на жител на резидентното население во секоја општина согласно последниот попис  икомплетноста на потребната проект на документација со сите потребни дозволи и согласности потребни за отпочнување постапка за јавна набавка, со ревидирана предмер пресметка не постара од 12 месеци

Право на учество и за овој проект имаат сите општини, кои можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од различни области: култура, спорт, животна средина, патна инфраструктура , социјална политика, образование… Рокот за поднесување на апликативни формулари и проектна документација е до 30.04.2025 година.

И овој пат, за транспарентноста и следењето на целиот процес, ќе биде формирано владино координативно тело, кое што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни министерства, а средствата ќе се доделат преку шесте ресорни министерства, соодветни од областа на проектите.

Со овој повик го продолжуваме партнерскиот однос на Владата кон општините и секако кон граѓаните со цел да придонесеме за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развојот во општините и зголемување на квалитетот на животот на сите наши граѓани, посочуваат од Министерството за локална самопуправа.

Во рамките на првиот повик за финансиска поддршка на општините, Општина  Прилеп аплицираше со три проекти: Изградба на кружен тек на улица „11-ти Октомври“, улица „Кеј 9-ти Септември“ и улица „Кеј 1-ви Мај“ (мост „Табана“), изградба на дел од улица „Победа“, од крстосница со улица „Александар Македонски“ до крстосница со улица „Павел Шатев“, Реконструкција на постоечки водоводни линии во градската четврт Карабдалица, во централното градско подрачје.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Агроном Ристеска: совети за земјоделците – навремена превенција против штетници и суша

Пролетта донесе многу дождови и големи температурни разлики, што предизвикува проблеми кај тутунот, пиперката и другите градинарски култури. Се очекува сушен период кој може да ја стегне почвата и да го спречи развојот на коренот, што доведува до жолтеење на листовите и намален раст. Високата влажност и наглите температурни промени...

Мицкоски: Да, денеска и утре ќе бидат исплатени субвенциите за тутун

Во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат исплатени субвенциите од две милијарди денари за тутунарите иако рокот за исплата е до 30 јуни, соопшти премиерот Христијан Мицкоски кој денеска,15 јуни, е во посета на Битола каде во индустриската зона Жабени се отвара нова фабрика. Во одговор на новинарско...

🏃‍➡️Хуманитарна „Трка со срце“ во Прилеп – спортот е многу повеќе од натпревар🏃‍♀️‍➡️

Во  организација на Ротаракт Клуб Прилеп денеска се одржаа две хуманитарни трки во Прилеп „Трка со срце“ низ прилепските улици. На двете патеки од 5 км и од  10 км учествуваа над 300 учесници. Поттикнување на хуманост, заедништво и инклузија е поводот за настанот кој се организира за прв пат....