Гукеш,поранешниот член на ШК Прилеп, најмлад светски шампион во историјата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Индискиот шахист, Домарају Гукеш, кој испиша историја откако стана најмладиот светски шампион во историјата, пред три години беше член на македонскиот клуб ШК Прилеп.

Тогаш 15-годишниот индиски велемајстор имаше блескав настап на Европскиот шаховски клупски куп во Струга и беше најдобар меѓу сите 277 шахисти од 38 клуба, од 37 држави. Ги одигра сите 7 партии, сите на првата табла, без пораз, со три реми и четири победи.

Гукеш вчера направи досега невиден подвиг бидејќи со само 18 години дојде до светската шаховска титула.Во финалето Гукеш го победи Кинезот Лирен Динг, тој пак е поранешен шахист на ШК Алкалоид. Колку  овој успех е голем говори фактот дека претходно рекордот за најмлад освојувач го држеше Каспаров кој се закити со титулата на 22 години.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерва започнува 59-то издание на МТФ “Војдан Чернодрински”

Со претставата „12“, во режија на Синиша Евтимов, на Македонскиот народен театар, вечерва во 20 часот во големата сала на Центарот за културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворено 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Черндодрински“. Фестивалот ќе започне со доделување на наградите за животно дело на  Соња...

Избегната трагедија кога дрво се сруши на коловоз

Краткотраен, но силен дожд, проследен со грмотевици, појава на град и силен ветар што попладнево се случи во Прилеп, сружи дрво во близина на Вазарот, кај кружниот тек кај ЦК Марко Цепенков. За среќа, за малку е избегната трагедија  при падот на дрвото, бидејќи во тој момент не поминал  автомобили...

Прилепската болница се поднови со современ апарат за стерилизирање на опрема

Прилепската болница доби нова современа медицинска опрема што ќе придонесе за значително подобрување за здравствените услуги. Станува збор за високотехнолошки стерилизатор на медицинските инструменти, текстил и потрошен материјал, намалување на болничките инфекции и подобра заштита на пациентите и здравствениот кадар.