Група прилепчани заработија кривични пријави за разбојништво и тешка кражба

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во три навради месецов, група од петмина прилепчани, од кои тројца малолетници, краделе и со физичка сила одземале пари, накит и предмети. Полицијата поднесе кривични пријави:

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(20), М.А.(19) и тројца малолетници, сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин. На 09.02.2026 во Прилеп, пријавените влегле во куќата на Е.И. и со употреба на физичка сила од неа одзеле пари, личен накит и други предмети. На 12.02.2026 во Прилеп, пријавените ја пресретнале Е.С., и со употреба на физичка сила од неа одзеле паричник со пари, мобилен телефон и други предмети. Додека, на 15.02.2026 во Прилеп, пријавените со употреба на физичка сила од лице кое управувало велосипед одзеле чанта со пари, мобилни телефони и други предмети.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Огнените јазици за час ја пеплосаа куќата кога семејството било на молитва

Огнените јазици за час ја пеплосаа куќата на Музафер Неџипоски, кај Дабнички Завој во населбата Тризла во Прилеп кога семјството било на молитва во џамијата. Наводно како причина се наведува дека пожарот започнал од оџакот. ТППЕ – Прилеп стигнала навремено, велат соседите, но поради паркираните автомобили на улицата не била...

Седница на Совет на Совет на Општина Прилеп – Нови критериуми за поставување на урбана опрема пред угостителските објекти

Програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема и користење на површина пред деловен објект на подрачјето на општина Прилеп беше тема на дискусија на денешната седница на Совет на Општина Прилеп. Дискусијата се одвиваше во насока на начиниот „како ќе се применува програмата“  – „ќе...

Малолетник со возилото удрил во бетонски столб, повредени двајца

Малолетник управувајќи со автомобил удрил во бетонски столб и се здобил со тешки телесни повреди, бил повреден и сопатникот, информираат од СВР Битола: