Сто милиони евра инвестиции во капитални проекти за Кочани најави денеска кандидатот за градоначалник на Општина Кочани, предложен од ВМРО – ДПМНЕ, Владко Грозданов, на средбата со граѓани во центарот на градот. Според него, станува збор за средства што ќе бидат обезбедени преку странски партнери, надвор од редовниот Буџет на Владата.
– Само за Кочани и регионот ќе обезбедиме дополнителни 100 милиони евра – средства што ќе се вложат исклучиво во инфраструктура и капитални проекти. Ова не се празни ветувања – веќе се работи со меѓународни партнери за реализација на овие инвестиции, надвор од редовните буџетски трансфери.
Целта е Кочани да стане центар на источниот регион – град со европска инфраструктура и услови за достоинствен живот, соопшти Грозданов
Дел од најавените 100 милиони ќе бидат искористени за реновирање и модернизирање на болницата во Кочани, ќе има нови одделенија, современа опрема и подобри услови за медицинскиот персонал. Грозданов вети и затворен базен, нови спортски сали, нова патна, комунална и урбана инфраструктура.
– Со овие проекти ќе се отворат нови работни места и ќе се поттикне локалната економија. Кочани повеќе нема да биде на маргините, ќе биде во фокусот на државните и меѓународните инвестиции. Со овој план, Кочани станува пример за тоа како една општина може да се развива со визија, стратегија и партнерство, смета кандидатот за градоначалник предложен од ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Грозданов.
На денешната средба на Грозданот со граѓани на Кочани присуствуваше и Марија Митева, која како портпарол на Македонската влада му даде силна поршка на кандидатот за градоначалник предложен од ВМРО – ДПМНЕ и на неговото зборуви. Стоте милиониевра евра инвестиции во различни проекти, Кочани ќе ги доние во рок од четири години започнувајќи од 2026 година.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.