По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени на трајно користење на Општината.
Еден од контејнерите за текстилен отпад беше лоциран во дворот на ОУ „Св. Кирил и Медоиј“ во Кочани, а останатите ќе бидат сместени во другите седум училишта училишта и во детската градинка, каде што граѓаните ќе можат да го остават својот текстилен отпад, односно текстилните производи коишто повеќе не ги користат.
Целта е текстилниот отпад да не се исфрла на депониите, каде што тешко се разградува. Откако ќе се наполни контејнерот, компанијата „Екотекс груп“ ќе го испразни, за тој да продолжи на натамошен третман.
Според законите за управување со отпад, општините како клучен столб во системот за управување со отпадот имаат задача да воспостават собирни центри и контејнери за текстил.
За таа цел Општина Кочани ги повикува граѓаните да го селектираат текстилниот отпад совесно користејќи ги соодветните контејнери.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









