Граѓани на Кочани со предлози учествуваа на јавната расправа за креирање на буџетот на Општина Кочани за 2025 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Синоќа, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, се одржа јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2025 година.

На консултативната средба, граѓани, претставници на урбани и месни заедници и на институции говореа за потреби за реализација на инфраструктурни проекти: водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта и улици, јавно осветлување и предлози од други надлежности на единицата на локалната самоуправа определени со закон. Беа истакнати потребите од изградба на Старечки дом, ново решение за Градскиот пазар, изградба на јужен булевар, на пристапни улици…

Секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев го истакна значењето на учеството на граѓаните во креирање на Буџетот за следната година и изрази благодарност за соработката.

До 18 октомври граѓаните своите писмени предлози можат да ги достават и во електронска форма на е-адресата: info@kocani.gov.mk или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти  за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл.), додека предлозите од областа на спортот, културата, социјалната заштита и сл. можат да се достават најдоцна до 20 ноември 2024 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочанка пријавила семејно насилство: Сопругот физички го нападнал малолетниот син

На 26.02.2026 во 10:40 часот во ОВР Кочани,41-годишна жена од Кочани пријавила дека на 24.02.2026 околу 19:00 часот, нејзиниот сопруг Т.М. физички го нападнал нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Игор Џамбазов – Децата во Кочани ги убија наши неодговорни луѓе, од алчност, корупција и незнаење…

Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“ „Наши неодговорни луѓе. Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Нахранет со алчност, корупција и незнаење“, рече Џамбазов, оценувајќи дека трагедијата е симбол на системска негрижа и морален пад. Во својот говор тој потсети дека

Вечерва во ЦК “Бели мугри“ – Хуманитарна групна изложба „Трага во бесконечноста“ во спомен и чест на Сара Јорданова

Во чест и спомен на гимназијалката Сара Јорданова, чиј живот трагично заврши во пожарот во „Пулс“,  вечерва во 18:30 ч. во НУЦК „Бели мугри“ во Кочани ќе биде отворена хуманитарна групна донаторска ликовна изложба насловена „Трага во бесконечноста“. Заеднички организатор на овој  хуманитарен комеморативен настан од културата со поднаслов „За децата, за животот, за трагата“