Игор Џамбазов – Децата во Кочани ги убија наши неодговорни луѓе, од алчност, корупција и незнаење…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“

„Наши неодговорни луѓе. Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Нахранет со алчност, корупција и незнаење“, рече Џамбазов, оценувајќи дека трагедијата е симбол на системска негрижа и морален пад.

Во својот говор тој потсети дека пред три години на истата сцена рецитирал стихови од поетот Славко Јаневски, алудирајќи на песната „Крвава бајка“, инспирирана од масакрот  во 1941 година.

„Тиквешко негде в некое село, кај слана тивко венеше цвете, убија дете. Кому му ги рецитирав овие стихови? Ја научи ли некој оваа поезија?“, праша тој, повлекувајќи паралела меѓу историските злосторства и современата трагедија.

Џамбазов го спомена и масакрот во Крагуевац од 21 октомври 1941 година, кога беа стрелани ученици и наставници, потсетувајќи на зборовите на наставникот кој рекол: „Пукајте, јас и сега држам час“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени