Ифтарот не е само вечерен оброк ,туку и мост на спојување на луѓето. Преку оваа традиција се премостуваат разликите и се пренесуват пораките за мир, заедништво и добрина, со потсетување дека сите луѓе, сограѓани и пријатели треба да живеат во едно заедништво и меѓусебно почитување. А, соживотот во Прилеп не е само историја, туку идентитет и начин на живеење меѓу прилепчани.
„ Овој настан е уште една потврда дека меѓусебната почит, традицијата и духовните вредности се темелот врз кој ги градиме нашите односи. Преку вакви средби испраќаме силна порака дека заедништвото и разбирањето се нашата најголема сила. На само неколку дена пред Рамазан Бајрам, посакувам овие свети денови да донесат мир, хармонија и благосостојба во секој дом. На сите припадници на исламската вероисповед им посакувам добро здравје, спокој, радост и убави моменти поминати во кругот на најблиските. Заедно продолжуваме да градиме посветла иднина за Прилеп.“ напиша градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, искажувајќи ја почитта кон исламската верска заедница во Прилеп









