Градската депонија во Кочани интензивно се расчистува – се подготвува за третман со алги

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Механизацијата на „Бехтел и Енка“ и на фирмата „Калина“, ангажирана од Општина Кочани, работи интензивно на средување на состојбата на Градската депонија во Кочани.

Службите известуваат дека денеска се искористени 900 тони земја за мешање со заостанатите количини отпад. Работите се насочени кон подготовка на теренот на депонијата за третман со алги.

По доведувањето на ѓубриштето во состојба поволна за примена на природен третман на согорување, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ќе го повика економскиот оператор избран на тендер да ја спроведе договорената мерка што ќе го спречи натамошното аерозагадување.

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ одговори позитивно на упатениот повик од Општина Кочани до општествено одговорни компании за итна интервенција со механизација којашто ќе ја спречи еколошката катастрофа што му се закануваше на Кочани. Работите ќе продолжат сѐ додека целосно не се врати во нормала функционирањето на Градската депонија во Кочани.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Aмфенол вработува…

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработени лица за работно место     Индустриски инженер во ПЕ ПРОКОМ     Одговорности и задачи: Индентификација на производи за трансфер, управување на трансфер проект мегу Данска и Македонија и стартување на нов производ Планирање на задачи за континуирано подобрување на оперативниот процес Оптимизирање на распоредот во

ГАЛА ЛУКС ДОО – КОЧАНИ ИМА ПОТРЕБА ОД ВРАБОТУВАЊЕ НА…

ГАЛА ЛУКС ДОО – КОЧАНИ Работно место АДМИНИСТРАТОР Работни обврски: • Администраторот е одговорен за месечно фактурирање и издавање на излезни фактури, комуникација со клиенти за фактурирање; • Одговорен е за процесот за барање наплата од клиентот и грижа за застареност на побарувањата; • Одговорен е за навремено регулирање на барањата од добавувачи и внатрешните

Наводнителниот канал од источниот влез во градот Кочани е отворен без заштитна ограда и претставува опасност по живот ‼️

Жителите на улицата „Марко Цепенков“ во Кочани, долги години се соочуваат со проблемот – неограден канал, при што стравуваат за безбедноста на своите деца и внуци дека може да пропадната во истиот. Јордан Иванов за Радио Кочани вели дека реагирал многу пати кај сите надлежни институции, но од никого, до сега соодветна реакција немало. Иванов