Градоначалникот на Општина Кочани Влатко Грозданов оствари работна средба со министерот за здравство Азир Алиу.
На состанокот беше нагласена потребата Кочани да добие институционална поддршка за надминување на актуелните предизвици и одговарање на потребите на Општата болница со проширена дејност – Кочани, особено во делот на инфраструктурните зафати, како и во материјалната, техничката и кадровската екипираност.
Градоначалникот Грозданов побара поддршка во повеќе облици, истакнувајќи дека заздравувањето и подобрувањето на здравствениот систем во Кочани претставува процес со долгорочен карактер и од огромно значење за целата заедница.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









