Ѓорѓиевска: Никогаш не помислував дека ќе се искачам на Хималаите(ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Маријана Ѓорѓиевска е прва жена од Прилеп,  која се искачи на Хималаите, односно на врвот Исланд Пик висок 6.189 м. во 2024 година. Освен што самата постигнува забележитени резултати во високогорството, таа е афирматор на жената во планинските спортови, промовирајќи го планинарењето и како спорт и како животен стил, потиикнувајќи позитивни промени кај луѓето но и во заедницата и во животната средина.

Таа е жена авантурист која ги сака предизвиците. Иако освоила многу врвови кои се предизвик за сите планинари, во разговорот за Радио Пела, вели дека таа не освоила ниту еден врв туку дека врвовите ја освоиле неа.

Каква дисциплина е планинарењето, колку е потребна физичка, но и психичка подготвеност, кој е третманот на овој спорт кај нас и кои се нејзините следни предизвици, разговараме со Маријана Ѓорѓиеска која сосема оправдано и заслужено се најде во нашиот избор на 13 величествени. 

 

Ф.Д.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...