Прилеп од денеска е во прочкарска еуфорија. Настаните традиционално започнуваат со изложбата на маски од основните и средни училишта. Во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ од денеска, па наредниве 7 денови, е поставена изложбата на маски изработени од учениците. Со тоа започнаа активностите за годинашниот карневал „Прочка 2026“.
Над 300 маски изработени од ученици заедно со наставниците-ментори, се дел од оваа традиционална изложбата која се одржува по повод карневалот „Прочка“, а на која, својата креативност, умешност и идејност ја изразуваат децата. Важни се и пораките упатени преку изработените маски. Гран при наградата ја доби маската „ИЗГОРЕНА ШУМА ДОБИ ЧОВЕЧКИ ЛИК“ изработена од Димитар Седлоски “ООУ Блаже Конески”- Прилеп.
Децата се чувари традицијата и оваа изложба го покажа тоа преку уникатните креации од природни материјали, од дрво, кожи, конци, а имаше и такви што верно ги отсликуваат маските на прилепските мечкари – симболот на Прилеп.
Дека прилепската традиција е жива покажаа повторно најмладите. На изложбата имаше и „подвижни маски“- потомците и подмладокот на „Прилепските мечкари“, кои гордо презентираа дека се подготвени за главниот настан да ја понесат ги пренесат вековните адети и пораки поврзани со големиот православен празник Проштени поклади – Прочка.
На отворањето на изложбата присустуваше градоначалникот Дејан Проданоски, кој упати покана за настаните кои следат во рамките на карневалските денови. Утре, сабота од 12 часот е Детското карневалско дефиле кое ќе започне од ООУ Кочо Рацин, па се’ до централната бина на плоштадот Методија Андонов Ченто, а в недела е дефилето на Меѓународниот карневал Прочка 2026 кое започнува од 13 пред Центарот за култура Марко Цепенков, по Булеварот Гоце Делчев до централната сцена на плоштадот Методија Андонов Ченто.
Најдобри маски кои се наградени со вредносни ваучери:
ПРОЧКА 2026
Избор на најдобра маска
ГРАН ПРИ НАГРАДА
Димитар Седлоски “ООУ Блаже Конески”- Прилеп
НАГРАДА ЗА ЈУНИОР МАСКА
Детски градинки Наша Иднина
РЕ-БОНЧЕЈЦА ЈУНИОР,Група Бубамари “Крал Рециклирко”
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 1-5 ОДДЕЛЕНИЕ
ООУ Добре Јованоски IV-2 одделение
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА МАСКА ОД 6-9 ОДДЕЛЕНИЕ
I место – Ивана Проданоска “ООУ Кире Гаврилоски-Јане”-Прилеп
II место – Јован Дамјановски “ООУ Кочо Рацин “-Прилеп
III место- Алдин Хајровиќ “ООУ Пере Тошев” с.Десово
НАГРАДА ЗА НАЈДОБРИ МАСКИ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА
I место– Сара Блажески II-8, СОУ “Гим. Мирче Ацев”Прилеп
II место – Стефани Димова, III-8 СОУ “Ѓорче Петров“Прилеп
III место- Марија Андоновска III-1, СОУ “Гим. Мирче Ацев”Прилеп
НАГРАДА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МАСКА
Даниел Велкоски VII одд. “ООУ Пере Тошев” с.Дупјачани
НАГРАДА ЗА НАЈИНОВАТИВНА МАСКА
I место– Леонид Јанкос, “ООУ Блаже Конески” Прилеп
II место – Лина Антоска VII-2, “ООУ Кире Гаврилоски-Јане” Прилеп
III место- Валентин Костоски IX-г ООУ “Гоце Делчев” Прилеп









