„Богот на колежот“ претстава за лицемерието и леснотијата со која се напуштаат принципите кога човек се соочи со непријатност

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 28 февруари/сабота/ и на 1 Март/ недела/ од 20.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ -Прилеп ќе биде изведена претставата „Бог на колежот“ на МНТ. Претставата е работена по мотивите на „God of Carnage“ на Јасмина Реза – адаптација и режија на Весна Петрушевска.

Ликовите во претставата се опседнати со сопственото морално позирање, тврдејќи дека не го поддржуваат насилството, потенцираат на невиноста на детската игра, но и манипулираат со детската наивност која резултира со агресивност. Лицемерието ги истакнува контрадикторностите во нивните вредности и леснотијата со која луѓето можат да ги напуштат своите принципи кога ќе се соочат со непријатност, родителство и животна одговорност кон нив. Се поставуваат прашања за непходноста на деца, за да имаат извонредно добар брак, кој пак е затрпан со неброено многу проблеми и неизговорени зборови кои никако да се решат. Јасмина Реза само навидум нуди минималистичка структура, поставувајќи ги во квадратите на станот. Ова поставување ја засилува тензијата и клаустрофобијата, бидејќи ликовите се повеќе се гушат во сопствената плунка, пот и мирис. Дијалогот е остар, духовит и брз. Тој е исполнет со хумор што често ги покрива слоевите на анксиозност и предизвикува тригери. Публиката во улога на воајер е вовлечена во овој колеж и се забавува гледајќи ги, но крајната цел на оваа претстава е да се препознае секој еден од нив со горчлива задршка и мачнина во стомакот. Сведочењето на нивните слабости како и апсурдноста на нивните ситуации ги доведува до детска расправија ,така што нивниот интелектуален капацитет на кој толку многу се гордеат, пропаѓа. „Богот на колежот“ служи како моќно истражување на човечката природа, откривајќи ги комплексноста на односите и несигурната рамнотежа помеѓу учтивоста и хаосот. Оваа ангажирана структрура на претставата нуди брзо размислување на публиката, потсетник за општествените норми, среќното детство и вистинската сурова комплексност на човечката природа. Излог кој се крши во милион парчиња, наспроти лажниот морал и вечноста на суетата која без грешка сигурно води во пропаст.

Во претсавата играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Благој Веселинов, Наталија Теодосиевa, о актерска школа на Весна Петрушевска.

Претставата е  Ко-продукциски проект чие сценографија е на Татјана Христоска, костимографна  на Наталија Терзија, сценски движења на Кренаре Невзати-Кери, избор на музика на Весна Петрушевска , автор на песната  „Пепел и мрак&quot е на Игор Џамбазов , извршни продуценти е Симона Угриновска и Виктор Рубен и  превод е на Рајна Кошка-Хот.

Влезниците за претставата по цена од 300 денари се во продажба од денес на билетарницата од Центарот и ќе се продаваат секој работен ден од 11 до 13 .00 часот и од 18 до 20.00 часот и во сабота од 11 до 14.00 ч.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана...