Финансиската поддршка за тутунопроизводството е иста, наскоро исплата на субвенциите за реколта 2025 та

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Критериумите остануваат исти за добивање на субвенции за тутунопроизводство според мерките предвидени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Евидентирањето на земјоделските парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) и Системот за идентификација на земјоделските парцели (СИЗП) е доколку земјоделците планираат да се пријават за финансиска поддршка за обработка по површина и за  „зелена нафта“. Додека критериумот за мерката која се однесува на субвенциите за предаден ориентален тутун од ланската и од актуелната реколта не е условен со оцртување на површините, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

„Нема никаква промена во критериумите за субвенционирање. Новата Програма за финансиска поддршка Министерството за земјоделство ја носи во јануари 2027 ма година.

Рокот за склучување на договори за новата реколта 2026/27 е продолжен до 9 ти април, а интересот бил зголемен и од страна на тутунопроизводителите и од откупните компании.

„Склучувањето на договори е во тек, Министерството за земјоделство го продолжи рокот до 9 ти април поради тоа што на почетокот имало проблем со внесувањето во електронскиот систем, така што тоа се искомпензира и го продолжија рокот. Во контактите со компаниите и информациите од кај нив има зголемување и на површините и на нови кооперанти,“ вели Ристески. 

Податоците за предаден ориентален тутун од ланската реколта се обработени од ресорните служби и се очекува во текот на овој месец да бидат исплатени субвенциите од реколтата 2025/26.

„Земјоделскиот инспекторат ги завршил контролите за предаден тутун. Очекуваме до крајот на месецов и пред почетокот на мај  да биде исплатена субвенцијата за предаден тутун во целост. Што се однесува на цените за новата реколта, засега нема промена. Очекуваме пред почетокот на откупот да се избориме со анекс на договори да ги коригираат цените поради тоа што со кризата на Блискиот Исток цените на репроматеријалите се зголемени и треба да дојде до промена на откупните цени, рече Ристески. 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Прилеп доби Центар за менаџирање со дебелината – прв во регионот

Во Прилеп се отвори Центар за менаџирање на дебелината сместен во здравствениот дом , во соработка со компанијата Ново Нордиск. Во рамките на овој центар пациентите ќе се дијагностицираат, ќе се прават лабораториски испитувања и анализи, ќе се одредува телесната дистрибуција на масното ткиво, а исто така ќе се врши...

Вечерва премиера на претставата „Саатот“

Новата претстава „Саатот“ од Лидија Митоска-Ѓорѓиовска, во режија на Кристина Димитрова,  театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе ја изведе вечерва од 20 часот на Сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“. Тоа е прва премиера за 2026 година поддржана од Министерството за култура и туризам, а планирани се уште четири премиери со...

(ВИДЕО) Социјалните претпријатија се новата енергија на руралниот развој

Социјалното претприемништво не е нова форма кај нас како бизнис модел во чија што основа се решавање на општествените, еколошките и економските предизвици. Има успешни примери кои опстојуваат во Македонија, иако системското решение – легислатива која ќе ги дефинира формата, начинот на функционирање и организирање на овие социјални претпријатија сеуште...