Филип е млад човек, писател, едукатор, новинар, дипломиран агроном, до скоро урбано момче од Прилеп, а од пред 2 години посветен еко активист и производител на органска храна во својата градина и овоштарник близу Прилеп. Тој е локален херој со знаење, истрајност и љубов кон природата. Филип духовната енергија ја црпи од мирот во дружба со својата градина пренесувајќи го несебично своето знаење. Како еко активист, член на Slow Food тој волонтира во основните и средни училишта во Прилеп создавајќи нови градини, пренесувајќи им на младите информации за важноста од поврзувањето со природата и здравата еко храна.
Младите се иселуваат и не сакаат да работат земјоделство, додека локалниот херој Филип Димкоски прави голем чекор со сопствениот пример за производство на здрава храна, еколошки активизам, со едукација и претставува инспирација за младите и повозрасните во локалната заедница и пошироко.