Овој викенд, двајца натпреварувачи на Карате клуб „Партизан“ – Кочани, Филип Стојанов и Јован Арсов, ќе имаат можност да го покажат својот талент на меѓународната сцена на „Златната лига за млади“ во Џесоло, Венеција.
Филип Стојанов ќе настапи во категоријата У21 -84 кг, а Јован Арсов во категоријата кадети +70 кг.
Од Карате клуб „Партизан“ изразуваат голема поддршка и им посакуваат на дечките успешен настап и да ги бранат боите на Македонија со гордост.
Се надеваме на добри резултати и на место на подиумот. Филип и Јован имаат голем потенцијал и се подготвени да се покажат во најдобро светло. Нека им биде среќно и нека се вратат со медали, изјавија од клубот.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









